1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Европски фонд за Југоисточна Европа

На земјите од Западен Балкан им недостигаат приватни инвестиции. Со цел да се засили развојот на приватниот сектор во регионот, пред една година е создаден Европскиот фонд за Југоисточна Европа од земји донатори, национални и меѓународни финансиски институции. Фондот, во кој Европската комисија зеде учество со 60 милиони евра, треба да обезбеди трајност на финансирањето кое им е потребно на малите претпри

default

�атија и домаќинствата со што регионот ќе стане интересен за инвестирање.

Европскиот фонд за Југоисточна Европа е инвестициски фонд за помош на приватниот сектор во земјите од Западен Балкан, преку кредитни линии за банки и микрофинансиски зафати во регионот.

Одлуката за учество на Европската комисија во фондот, беше официјализирана на почетокот од неделава. Мандатот за раководење со 60 милиони евра, со колку што таа учествува во фондот, Комисијата му го додели на Европскиот инвестициски фонд. Тоа учество ќе биде преку традиционалниот придонес со готовински средства, со трансфер на заемите на локалните финансиски институции од регионот. „Фондот кој денес го пуштаме во употреба е нов вид на помош, со што ќе се гарантира интелегентното користење на јавните фондови. Европскиот фонд во корист на Југоисточна Европа, ќе има важна улога во нашата стратегија во земјите кои имаат перспектива и крајна цел да станат членки на Европската Унија“, изјави европскиот комесар за проширување Оли Рен

„Нашата цел е да им се помогне на земјите од Западен Балкан да преминат од повоената реконструкција кон целосен развој на нивниот економски потенцијал. Равојот на приватниот сектор е клучот за развојот на пазарната економија и еден од главните критериуми, кои новите земји членки треба да го исполнат“, нагласи Оли Рен, кој се надева дека фондот ќе го направи регионот интересен за инвестирање.

Одлуката на Европската комисија е во согласност со нејзината стратегија за Балканот, претставена пред шесет месеци, во која е нагласено значењето за создавање на поволни услови за малите и средните претпријатија во регионот.

Во моментов фондот чие седиште е во Луксембург, располага со капитал од над 200 милиони евра, кој за пет години треба да достигне околу 500 милиони евра.

Инвестиционите фондови од ваков тип, во минатото играа важна улога во повоената реконструкција на земјите од Западна Европа, а денес се меѓу најважните партнери во подршката и развојот на малите и средни претпријатија. „Финансирањето на претпријатијата е клучно во помошта која треба да им дозволи да се развиваат, да се засилуваат за да можат да се појават на меѓународнат сцена.“ ни вели Жан-Пол Милер, претседателот на административниот совет на француско-луксембуршката финансиска група САДЕ, специјализирана за регионалниот развој.

Фондот на САДЕ, на пример, е специјализиран во финансирањето на инфраструктурното сместување на претпријатијата.“Можеби Македонија и другите земји од Балканот, би требало да размислат за ова наше искуство со Друштвата за регионален развој во Франција. Фондови кои придонесоа во развојот на малите и средните претрпијатија од педестите години до денес,“ додава Жан-Пол Милер.

Европската комисија со учеството во Фондот за Југоисточна Европа, направи нов чекор во изнаоѓањето на нови решенија за да се поддржат и привлечат приватните инвестиции кои им се потребни за развојот на сите земји од регионот.