1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Европски протести за Ербас

Денеска е Акциониот ден на протести во Европа против мерките за санација на производителот на авиони Ербас. Само во Хамбург синдикатите очекуваат до 20 илјади луѓе. Во сите германски и француски фабрики на Ербас работата ќе мирува. Протестни акции се планирани и во Шпанија и Велика Британија. Планот за санација предвидува укинување на вкупно 10 илјади работни места.