1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Европски експерти во проверка: до каде се реформите?

Висока европска делегација заедно со македонските власти ќе ги анализира резултатите од реформите важни за евроинтегративните процеси. Кои се аргументите со кои Македонија ќе бара датум за почеток на преговори?

default

Дали Скопје ќе го фати возот за ЕУ?

Почнува снимањето на состојбите врз основа на кои ќе се пишува есенскиот извештај за Македонија од страна на Европската комисија. Во Скопје е висока делегација од Брисел, членови на Комитетот за стабилизација и асоцијација. Тие со македонските власти ќе ги разгледуваат достогнувањата на Македонија во сите области кои беа посочени како приоритетни. Владините претставници на експертите од Брисел ќе им го презентираат напредокот во имплементацијата на законот за полиција, либерализацијата на пазарот за електронски комуникации, подобрената деловна клима, борбата против корупцијата. Ова ќе бидат аргументите со кои земајта ќе побара датум за почеток на преговорите и нова фаза на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, што ќе отвори други подрачја во соработката со ЕУ, либерализација на продажбата на недвижности и слободно движење на капиталот.

17- ет члениот тим од Брисел во Македонија доаѓа во период на засилена меѓусебна критика на владата од една и амбасадорот на ЕУ, Ерван Фуере од друга страна. Евроамбасадорот бара владата да не ја користи Грција како алиби за неисполнетите задачи.