1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Европски борец за човекови права

Борбата за човекови права веќе 20 години е негова задача. Од денеска (01.04) Лeтонецот Нилс Муижниекс ќе ја извршува како Комесар за правата на човекот на Парламентарното Собрание на СЕ.

default

Нилс Муижниекс со нови погледи на човековите права

Во разговорот за Дојче веле Муижниекс признава дека неговиот избор е голем успех за неговата земја, но и еден нов поглед на проблематиката со човековите права, со оглед дека тој е првиот избран висок функционер на Советот на Европа кој доаѓа од другата страна на железната завеса.

„За мене тоа е многу важно, како лица кои работиме на заштитата на човековите права и кои добро ги познаваме источноевропските земји и посткомунистичкиот контекст. Земји во кои од поодамна доаѓаа комесари, посетители и известители и официјални претставници од Запад, кои не‘ учеа како да живееме. Многу е добро што сега има некого од Исток на ваква функција и што претставниците од овие земји се добро претставени во структурите за заштита на човековите права“.

Муижниекс добро го познава функционирањето на механизмите за заштита на човековите права

Новиот комесар за човекови права добро го познава функционирањето на механизмите за заштита на човековите права. Од 2005-та година е член на Европската комисија за борба против расизмот и нетрпеливоста (ЕКРИ) а од 2010-та е и нејзин претседател.

Junges Mädchen als Opfer von häuslicher Gewalt

Заштита на т.н. ранливи групи луѓе-жените, децата и постарите

„Досега работев во областа на борбата против расизмот, но имам искуства и во други области, бидејќи бев шеф на невладина организација за заштита на човековите права, бев министер во летонската влада, односно имам искуства во повеќе области. И се надевам дека ова ќе ми помогне да ја довршам работата на досегашниот комесар“.

Нови предизвици во заштитата на човековите права

Нилс Муижниекс има намера да го одбележи неговиот шестгодишен мандат со свој печат.

„Да, предизвиците со човековите права сега се малку поразлични од тие пред десет или пет години. Има огромни промени по прашањата за човековите права, посебно технолошките и комуникациски промени. Присутни се нови политички ситуации во земјите-членки на Советот на Европа. Г-динот Хамарберг, мојот претходник, направи одлична работа, јас со овие предизвици ќе се занимавам на мој начин, посебно прашањата кои за мене се многу блиски како малцинствата, расизмот, рамноправноста и пред се‘ рамноправен пристап кон сите земји. Хамарберг тоа го направи, но мислам дека ќе биде многу интересно за големите западни земји, односно старите демократии,  да имаат дијалог со еден претставник на една мала земја, избран на оваа функција и кој доаѓа од посткомунистички контекст.

Мислам дека јас можам да научам многу од ова, но истовремено и Запад може да научи исто така од нас“. 

Приоритет-ранливите групи и заштитата на малцинствата

За неговите приоритети комесарот вели:

„Комесарот мора да се грижи за така наречените ранливи групи во кои нема механизам на мониторинг како за децата, жените, старите лица, новите технологии, интернетот. Потребно е да му се помогне и на Судот за човекови права, кој е преплавен со предмети кои чекаат пресуда.

Europäischer Gerichtshof für Menschenrechte (EGMR) – Menschen vor dem Eingang

Европскиот суд за човекови права

Треба да се работи и управува со овие прашања на лице место во земјите членки, посебно околу пресудите кои се повторуваат и се однесуваат на иста проблематика. Потоа, соработката внатре во Советот на Европа, меѓу комесарот и механизмите, како и соработката со надворешните партнери, како ЕУ и ОБСЕ. Бидејќи сите сакаме потесна соработка и синергија, бидејќи сега има многу удвојување на работите меѓу овие структури во Европа“.

На нашето прашање, дали планира специфична акција за етничките малцинства, кои не се признати како такви од државите и кои имаат многу тешкотии за да се изразат, Нилс Муижниекс одговара:

„Мислам да, додека бев претседател на ЕКРИ, внимававме на сите малцинства, како на тие кои се признати од државите, така и на бегалците, мигрантите кои не се признати како такви од државите. Потоа тука е прашањето и предизвикот со Ромите, кое се‘ досега беше актуелно за комесарот, тоа ќе продолжи да биде актуелно и понатаму. Се надевам дека ќе соработувам како со владите, омбудсманите, така и со невладините организации и претставниците на граѓанските организации и малцинствата кои се меѓу нас“.