1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Европските судии надеж за случајот Пинар Селек?

Прогласувањето на вина во истанбулскиот процес против Пинар Селек и во Турција предизвика негодување. Коригирање на оваа одлука меѓутоа критичарите очекуваат не од највисоките судии во сопствената земја, туку од Европа.

„Ова е Турција“: оваа реченица може да се слушне во градот на Босфор секогаш кога едно прашање неможе веднаш да се одговори со помош на логиката. Така е и по пресудата од 24. јануари против социологот, писател и феминистка Пинар Селек: Никој неможе вистински да си објасни, зошто обвинетата по еднаипол деценија правна разврска, повеќе ослободителни пресуди и голем сомнеж во доказниот материјал сега е осудена на доживотна затворска казна.

Дури и стручњаците стојат пред загатка. Халил Доган е еден од експертите, кој кога ќе се спомене темата Селек прво помислува на толку цитираната реченица „Ова е Турција“. „Тука секогаш има неправедни пресуди, посебно во политички процеси“, појаснува Доган, шеф на здружението Демократски адвокати, во разговор за Дојче веле. Тој потсетува дека и претседавачот судија во процесот против поранешниот премиер Аднан Мендерес во 1961 година отворено призна, дека делувал по налог на тогашната воена влада. Мендерес беше осуден на смрт и обесен.

„Тие сакаат да ме тероризираат“

Die türkische Soziologin Pinar Selek

Пинар Селек денес живее во Франција

Пинар Селек самата кажа дека сакаат да ја тероризираат и да и влејат страв, но кај неа го предизвикаа токму спротивното: „Со текот на времето научивме да станеме посилни“, изјави таа за весникот „Хуријет“ по одлуката. Татко и, адвокатот Алп Селек сака да ја оспори пресудата.

Селек се обвинува дека во 1998 година како член на забранетата Курдска работничка партија ПКК убила седум лица при бомбашки напад во Истанбул. Селек ги отфрли обвинувањата, но беше уапсена и измачувана, пред во 2000. година да биде ослободена. Таа замина во Западна Европа каде живее до денес. Еден осомничен имено тврдеше дека Пинар Селек учествувала во еден напад - меѓутоа подоцна тој го повлече признанието наведувајќид ека тоа го сторил додека бил измачуван.

Дури и државниот обвинител беше „шокиран“

И покрај големиот број експертизи судовите до денес не можеа да разјаснат, дали експлозијата во Истанбул беше предизвикана од бомба или се работи за несреќа. Поради тоа Селек досега трипати доби ослободителна пресуда - меѓутоа Врховниот суд во Анкара ги укинуваше ослободителните пресуди. Дури и одговорниот државен обвинител изминатата година изјави дека е „шокиран“ од надлежните судии. Тоа меѓутоа не го спречи по налог на судот во Анкара повторно да поднесе барање за осуда.

Голем сомнеж постоеше и во судот, кој ја донесе пресудата за Селек со два спрема еден гласови. Судијата претседавач Ведат Јилмазабдурахманоглу гласаше за ослободување и аргументираше, дека со оглед на противречните експеризи нема јасни докази. Но тој беше надгласан од двајцата свои колеги. Едниот од нив, Мехмед Ердоган, мината година се залагаше за ослободителна пресуда. Но овојпат гласаше дека Селек е „виновна“. Зошто, не се знае.

Надеж во Европскиот суд за човекови права

Demo Gericht Istanbul Pinar Selek Wallraff

Валраф протестира за Пинар селек

Во Турција пресудата наиде на големо неодобрување, исто како и меѓу европските набљудувачи на процесот. Келнскиот новинар Гинтер Валраф смета „дека од 1998 година се прави обид Селек без никакви докази да се обежеи како терорист“ Очигледно, како кругови блиски до вокјската така и исламистичките кругови се одлучни да ја замолжат Селек, изјави Валраф за Дојче веле.„Од не сакат да се ослободат бидејќи е носител на надеж за една поинаква, подемократска Турција“.

Меѓутоа во Турција има значително попознати критичари на државата отколку што е Селек. Поверојатно е дека високиот турски судија се придржува до пресудата за вина против Селек, бидејќи корекција во нивните очи би значело знак за слабост на државата во борбата против ПКК. Според анкетите многу судии својата највисока задача не ја гледаат во потрагата по виситната, туку во заштита на државата против наводните противници.

Поради ваквиот менталитет надежите на критичарите на процесот се насочени кон Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Пратеничката Сафак Павеј од реформското крило на опозиционата партија ЦХП изјави дека посакува случајот да има правна рарешница на меѓународно ниво. Исто така и шефот на адвокатскиот сојуз Доган смета дека Селек - процесот ќе заврши во Стразбур. Но претходно на турската влада и претстои непријатна задача: тоа што истанбулскиот суд издаде наредба за апсење протви Пинар Селек која во моментов живее во Франција, Анкара најверојатно наскоро ќе мора да одлучи, дали до Париз ќе испрати барање за испорачување - тоа би отворило нови непријатни прашања за состојбата на правната држава во Турција.