1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Европските социјалдемократи и социјалисти на конференција во Скопје

Редовниот годишен состанок посветен на Западниот Балкан на Групата на Прогресивната алијанса на социјалдемократи и социјалисти во Европскиот парламент продолжува денеска (14.02.) во Скопје.

Конференција на тема „Демократија, владеење на правото и слобода на медиумите-клучни критериуми во напредокот на Европската унија“ се одржувa денеска во Скопје, во рамки на редовниот Годишен состанок посветен на Западниот Балкан на Групата на прогресивната алијанса на социјалдемократи и социјалисти во Европскиот парламент.

Воведно обраќање на конференцијата ќе имаат Јоханес Свобода, предводник на Групата на социјалисти и социјалдемократи во Европарламентот и Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Меѓу најавените учесници се Ричард Хауит, известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент, потпретседателот на Групата на социјалисти и социјалдемократи во Европскиот парламент, Кинга Гонч, европратеник од Групата на социјалисти и демократи и поранешен министер за надворешни работи на Унгарија, Кнут Флекенштајн, европратеник од Германија, Аиво Орав, шеф на делегацијата на ЕУ во Скопје, како и претставници на социјалдемократските и социјалистичките партии од Западен Балкан.