1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Европските сликари во Македонија

Пред германската публика деновиве се претставени 64 мотиви од Македонија. Сликите се дело на петмина уметници, кои во 2007 година овековечиле дел од убавините на Ораше, Тетово, Охрид, Скопје.

default

Охрид, инспирација за уметниците

“Жежок ден во Скопје“, “Попладне во Охрид“, “Ноќна сцена од Тетово”, “Шара” , “ Долината на Ораше”... се мотивите од сликите изработени во масло кои пренесуваат дел од атмосферата и боите на Македонија. Интензивни, живи, слоевити, импресивни... Автори се петмина сликари.: Бен Камили роден во Ораше во Македонија со 18 годишна постојана адреса во Берлин, Андре Кригар од Германија, Пиет Роенедјик од Холандија, Хајнрих Илмари Раутио од Финска и Бурим Камили од Македонија.

Враќање кон корените

"Бидејќи доаѓаме од различни земји на Европа, групата ја именувавме Европските сликари во Македонија” - вели Бен Камили дополнувајќи дека за него лично голема работа бил престојот во Македонија. Во родното Ораше како кажува се врати после две децении. Сликале во Ораше, во Скопје, Тетово, Охрид - каде било преубаво. Уметниците посебно ги допре менталитетот на народот, отвореноста, подготвеноста за комуникација.

Андре Кригар, е роден Берлинчанец. Реномиран е уметник и уште од 1992 член на групата Северногермански реалисти. Зад себе има десетици изложби и неговиот потпис стои на композициите создадени на Хамбушкиот аеродром, операта во Кил, Бундесратот во Берлин, а имал изложби од Шлезвиг Холштајн, преку Хелсинки, до Богота. За престојот во Македонија , Кригар со полно впечатоци:

"Тоа беше за мене пат во непознато. Немав точна претстава како ќе биде таму. Неколкупати порано сум бил во Грција. Но, ова беше поинаку. Бев изнанден од гостопримливоста на луѓето. Срдечноста. За два три дена во Ораше бевме како дома. Ние Германците, едноставно не сме навикнати така да бидеме прифатени, но и да прифаќаме странци. Беше чудесно!

Gasse in der Altstadt von Skopje, Mazedonien

И Скопје ги плени уметниците со своите убавини

Чувство на фатаморгана

Петмината вљубеници на бојата сликаа под отворено небо. Дење и ноќе. Во Ораше, Тетово, Скопје, Охрид, Преспа... Го прашуваме Андре Кригар што беше за него најинспиративно?

"Интересно беше да се долови контарстот меѓу едноставното село Ораше и на пример туристичката атракција Охрид. Но, за мене беше посебно времето. Пеколно жешко. Од 14 дена колку што бевме во Македонија, во 12 имавме тепмератури над 40 степени. Тоа беше најжешката фаза која воопшто некогаш работно сум ја доживеал”.

"Тешко е да се слика на жештина зашто боите на природата се дифузни... Се е како во магла. Имаш чувство на фатаморгана" - дополнува Бен Камили.

И навистина таа фатаморгана, магла се гледа во бројните слики, во кои доминира жолтата боја на сонцето, црвената на огнената жештина, синилото на Охрид , но и питомите зелени предели на македонските планини и долини.