1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Европските претставници ги продолжуваат маратонските разговори во Скопје

По одделните средби со претставници на власта и опозицијата, еврокомесарот Филе и парламентарците Хауит и Бузек продолжија кај шефот на државата Иванов. Таму се и партиски делегации. Исход од разговорите се‘ уште нема.

Комесарот за проширување Штефан Филе заедно со европарламентарците Ричард Хауит и Јержи Бузек, денеска попладнето одржуваат средба со македонскиот претседател Ѓорге Иванов. Претходно делегацијата на високите европски претставници се сретна со премиерот Никола Груевски, со лидерот на најголемата опозициска партија СДСМ, Бранко Црвенковски, како и Али Ахмети, лидерот на ДУИ. Засега учесниците на разговорите не излегуваат со изјави и покрај изразено големиот медиумски интерес кој владее за посетата на европретставниците.

Во вилата „Водно“, кај шефот на државата, покрај европската тројка, пристигнаа и премиерот Никола Груевски, вицепремиерот Зоран Ставрески, министрите за внатрешни и за надворешни работи, Гордана Јанкулоска и Никола Попоски, како и шефот на премиерскиот кабинет Мартин Протоѓер. Таму е и делегација на СДСМ предводена од Црвенковски, во која се и Андреј Петров, Јани Макрадули и Наташа Савова. Закажаната прес-конференциоја на Филе во 13:30 часот е одложена за подоцна во текот на денов.

Филе, Хаувит и Бузек повторно дојдоа во Македонија во обид да се стави крај на политичките несогласувања.

„Комесарот Филе оди во ПЈР Македонија во заедничка мисија со членовите на Европскиот парламент Ховит и Бузек, со цел да се сретне со засегнатите страни и да придонесе да се најде начин како да се надмине сегашната политичка криза. Солуција на кризата ќе помогне да се создадат услови за извештајот кој ЕК го подготвува врз база на одлуката на земјите-членки за оваа пролет. Таа ќе креира услови овој извештај да биде позитивен“, истакна портпаролот на Филе, Петер Стано, вчера на официјалнито прес-брифинг во зградата на Европската комисија.