1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Европските пратеници бараат вистински политички дијалог во Македонија

Од политичките партии во Македонија се бара вистински политички дијалог, без разлика дали се тие опозициони или на власт. Тоа е пораката која ќе му биде пренесена на лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски во Стразбур.

default

Известувачот на Европскиот парламент за Македонија Зоран Талер ја најави пораката што ќе ја добие Црвенковски на денешните средби со европските пратеници. Изутринава, во разговорот што Црвенковски го водеше со еврокомесарот за проширување Штефан Филе, во врска со политичкиот дијалог опозиција-власт, тој информирал дека СДСМ има два основни предуслови: „Првиот е во деловникот на Собранието да се вгради амандман со кој ќе се овозможи опозицијата, не само СДСМ, туку опозицијата генерално, на секоја парламентарна седница да може да предлага една единствена точка на дневниот ред, околу која ќе дискутира парламентот. Вториот е дека Парламентот мора да ја задржи можноста за контрола на извештаите од ревизорските извештаи во врска со трошењето на државните пари."

Тоа, според Црвенковски, е уставно право и обврска на Собранието на Република Македонија.

Црвенковски: Тоа што се случува нема врска со демократија

Во однос на последниот инцидент во Собранието, Црвенковски му пренесол на Филе, а тоа ќе го направи и

Branko Crvenkovski ist der neue Parteichef von der Partei SDSM

Бранко Црвенковски обвинува дека Македонија се претвора во полициска држава

на попладневните средби со европратениците, дека при последните инциденти бил прекршен законот за парламентот од страна на министерката за внатрешни работи.

„Додека јас патував за Стразбур, таа вчера упатила јавен повик или писмо до претседателот на Собранието, во кое бара казнување на пратениците. Тоа е уште еден „нон сенс", бидејќи парламентот е тој кој што ја контролира владата, ги бира министрите и го има надзорот над извршната власт. Тоа што министерот за внатрешни најавува казни за пратеници, тоа нема врска со парламентарна демократија, тоа може да се наслови како ’полициска држава’“, вели Црвенковски.

Главната тема на разговорите што тој ги водеше со комесарот Филе, бил процесот на интегрирање на Република Македонија во ЕУ, при што биле разгледани сите области.

„Македонија е далеку од датум за преговори“

Веднаш по разговорите, Црвенковски во изјавата за медиумите нагласи дека не се зборувало околу датум за почеток на преговори, бидејќи како што оцени тој, Македонија е „многу далеку од тоа".

„Претпоставувам дека многу други работи, не само решавањето на спорот со Грција, туку и задоволување на овие критериуми пропишани од страна на Европската Комисија во различни области за да можеме да говориме за следниот чекор, а тоа е датум за почеток на преговорите", рече лидерот на СДСМ.

Околу преговорите со името Црвенковски соопшти дека се разговарало за ова прашање, но Европската комисија и ЕУ кои со интерес го следат, не се заинтересирани да се вмешаат во нив со оглед дека тие се водат во ООН.

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска