1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Европските месни остатоци на африканските чинии

Европејците најмногу сакаат пилешки гради, па остатокот од пилето се извезува во Африка. Така Африканците добиваат евтино месо, но затоа се уништува домашното живинарство.

На пазарот во Акра , главниот град на Гана продавачките се препотуваат на 30 Целзиусови степени и тоа под сенка. На тезгите полека се топи замрзнатото пилешко месо. Во земјите како Гана во кои не е осигурано непрекинато ладење на месото, владее голема опасност по здравјето на потрошувачите. Но Гана и покрај тоа увезува 165 илјади тони ефтино место од Бразил, САД и Европа- и тоа остатоци, кои во тие држави никој не сака да ги јаде.

За време на 80-те и 90-те години од минатиот век Гана самата покриваше 80 насто од домашните потреби кога станува збор за месо од живина, вели Куаме Кокрох, секретар на националната Задруга на одгледувачи на живина и додава: „Откако постои ефтиниот увоз, сѐ се промени. Сега нашите селани покриваат само 10 насто од пазарот и се плашат дека и тоа ќе го загубат.“

Пилешки гради за Европа, плешките за Африка

Секој Германец јаде околу 19 килограми месо од живина годишно. Посебно омилени му се градите. Тие не само што се меки, туку имаат и најмалку маснотии. Затоа главно ги купуваатЕвропејците кои наводно внимаваат на линијата и на здравјето.

Германските одгледувачи на живина произведуваат 25 проценти „вишок“ месо. Она што не може да се продаде на домашниот пазар, се извезува за значително помалку пари во Африка. Главно се работи за внатрешни органи, крилца, вратови, кои Европејците не сакаат да ги јадат. Одлично се извезуваат и плешките од кои претходно е одвоено белото месо.

Од 2011. до 2012. година, германскиот извоз се зголемил за 120 насто. Во Африка се извезени 42 милиони килограми месо од живина- што е 10 насто од целокупниот африкански увоз. Останатите 90 проценти се покриваат од Бразил, САД и Холандија.

Но самиот извоз, според мислењето на Франциско Мари од хуманитарната организација „Леб за сите“ не е спорен. Проблематични се цените по кои месото им се продава на африканските потрошувачи. Тие се толку ниски што домашните производители немаат никакви шанси на пазарот и пропаѓаат. На пример увозното пилешко месо се продава за две евра по килограм, додека домашниотм селанецмора да продава пилешко за четири евра, зашто во спротивно не може да ги покрие основните трошоци. Европејците можат ефтино да извезуваат во Африка бидејжи имаат индустријализирано живинарство а дел од трошоците за ефтиниот извоз ги покриваат со повисоките цени на белото месо на домашниот пазар.

„Навистина сакаме да сме во можност да спроведуваме мерки на развојна помош со високи морални начела и да ги охрабриме луѓето со наша помош да се извлечат од сиромаштијата. А тогаш поради нашите ефтини производи тие не можат да опстанат“, критикува Мари.

Некои успешно се бранат

Парламентот на Гана во 2003. година се обиде да го заштити домашниот пазар со воведување на повисоки царини за увоз но владата набргу го укина тој закон. „Мислам дека причината беше меѓународниот притисок“, вели Куаме Кокрох.

Vogelgrippe in Nigeria

Франциско Мари ја потврдува таа теза: „Гана во тоа време преговараше со Светска банка за кредити. Ако владата не го повлечеше законот, државата ќе останеше без многу пари.“ Освен тоа, владата пропагира либерализација на пазарот, што значи дела морада се придржува до меѓународните правила. Сега властите се обидуваат да ги поттикнат домашните производители со разни субвенции и кредити.

Но некои африкански земји успеаја да им одолеат на меѓународните притисоци, како на пример Нигерија. Со оглед дека трговските партнери се зависни од нигериската нафта, тие немаат друг избор туку да го толерираат нигерискиот бојкот на европската живина. И Камерун, Брегот на Слоновата Коска и Сенегал веќе со години наназад успеваат да се одбранат од ефтиното месо од Европа.

Во Сенегал од 2005. година во месарниците не е можно да се купи европско пилешко месо. Така повторно порасна домашното производство и беа отворени илјадници нови работни места. „Станува збор за бизнис вреден 150 милиони евра“, вели Мактар Диуф, директор на државниот Центар за земјоделство во Сенегал. „Не можеме себеси да си дозволиме да си го уништиме домашното стопанство само затоа што сме членка на Светската трговска организација“. Затоа владата на Сенегал ја продолжи забраната за увоз на месо од живина до 2020. година.