1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Европските земји пливаат во долгови

Штедење, штедење, штедење - ова е девизата по која се раководат европските влади во составувањето на буџетите за следната година. Државите од ЕУ мораат да ја притиснат сопирачката.

default

На почетокот од оваа година програмите за поттик на економијата на европските Влади беа во полн ек. Сепак, уште во март, шведскиот премиер Фредрик Рајнфелт предупреди дека се можни последици:

„Проблемот е во тоа што стигнавме до точка каде Европа направи се` што можеше. Економиите на многу европски земји бележат големи дефицити. Тоа создава нови проблеми во форма на поголеми камати и повисоки даноци, со цел да се израмнат овие дефицити“, предупреди Рајнфелт.

Дефицит со двоцифрени бројки

Ein Sack voll Geld von der Deutschen Bundesbank

Конјуктурните пакети ги истрошија државните каси

Европскиот пакт за стабилност и економски раст за земјите од еврозоната дозволува буџетски дефицит од максимално три проценти од домашниот брутопроизвод. Во меѓувреме, дефицитите на многу земји достигнаа вредности што порано беа речиси незамисливи. Дефицитот на Ирска и Шпанија, на пример, годинава е двоцифрен. Велика Британија, која е надвор од еврозоната, забележува дури 14 проценти дефицит. На Франција и` се закануваат 8 проценти дефциит, а ниту Германија не стои многу подобро. Но и покрај ова, токму Германија и Франција очигледно не брзаат со намалување на задолжувањата - што е лош пример, вели Жан Клод Јункер, претседател на еврогрупата:

„Кога една или две земји, особено така големи, го напуштаат патот на доброто однесување, на помалите земји, особено оние во нивна непосредна близина, ќе им биде тешко да и` објаснат на домашната јавност зошто помалите земји мора да се придржуваат до пактот за стабилност, а поголемите не мораат“, вели Јункер.

Жан-Клод Трише, претседателот на Европската централна банка, е уште подиректен: „Што се однесува до Германија и Франција, и за нив мора да важат истите правила, што важат за сите други. Пактот за стабилност и економски раст е како Господ за нас.“

Дефицитна постапка за Германија

Diskussion um Steuererhoehungen bei der Union

Наместо да ги намалува задолжувањата, Германија ги намалува даноците

Во Германија, победничките партии од парламентарните избори, ЦДУ и ФДП во предизборните кампањи најавија опсежни намалувања на даноците. Сега се под притисок, бидејќи мораат да ги исполнат своите ветувања. Намалувањето на задолжувањата очигледно ќе биде одложено. Еврокомесарот за економија и монетарни прашања, Хоакин Алмуниа, веќе испрати предупредувања до идната влада:

„И во случајот со Германија ќе отвориме дефицитна постапка, затоа што според германските власти буџетскиот дефицит годинава ќе ја премине границата од три проценти. Што се однесува до плановите на германската влада за во иднина, ќе го почекаме крајот на коалиционите преговори“, истакна Алмуниа.

Земјите-членки да не лажат

Сепак, каква полза од одредбите во Пактот за стабилност, кога човек веќе не може да верува ниту во информациите за буџетскиот дефицит што ги доставуваат земјите-членки. Грција, за оваа година, првично пријави дефицит од шест проценти, но по смената на власта, Брисел доби бројка од дванаесет проценти. Жан-Клод Јункер не можеше, а да не биде саркастичен:

„Морам да кажам дека разликата меѓу старите и новите бројки навистина ме импресионираше. Доста е од вакви игри! Ни‘ требаат бројки на кои можеме да им веруваме.“

Европските политичари се надеваат дека случајот со Грција ќе биде единствен. Но, она што на сите им е заедничко, тоа се долговите. Речиси насекаде во ЕУ, Пактот за стабилност во моментов важи само на хартија. Поради економската криза, тоа е привремено прифатливо. Проблемот е само, тоа да не се претвори во долгорочна состојба.

Автор: Кристоф Хазелбах / Трајче Тосев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска