1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Европскиот филм во фокусот

Шестото издание на манифестацијата Европско филмско наследство, годинава се одржа под насловот „Поглед врз воспитувањето за демократско граѓанство“.

Стразбур

Стразбур

Квалитетните европски филмови треба да бидат одраз и катализатор на проблемите во општетсвото е главната порака од Стразбур.

Во киното „Одисеј“ во Стразбур беа прикажани девет филмови, во присуство на нивните режисери и продуценти: „Елени“ од Тео Ангелопулос, “Догвил“од Ларс во Триер, “Ничија земја“ од Данис Тановиќ, „Јази Тура“ од Угур Јучел, „Сатар“ од Коста Гаврас, “Изгубениот домен“ од Раул Руиз и „ Мар Адентро“ од Алехандро Аменабар.

Наградите жирито им ги додели на два филмови претставени на последниот Берлински филмски фестивал.

Наградата „Воспитување за демократско граѓанство“ ја доби филмот „Оди, Живеј и Стани“ на режисерот Раду Михаилеану, филм во кој главната порака е борбата против дискриминацијата, културната разноликост и меѓусебното почитување.

Во 1984 Етиопија е погодена од страшна суша, етиопските евреи се спасени и евакуирани во Израел, едно еврејско деветгодишно дете умира на денот на заминувањето. Една етиопска мајка, христијанка, го тера својот син да го земи местото на умреното дете и да се декларира евреин, за да преживее... „Оди, Живеј и Стани и не се враќај,“ се нејзините последни зборови.

Втората награда му беше доделена исто така на еден филм кој се занимава со Блискоисточниот конфликт, филмот „Pаrаdise now“, на Хани Абу-Ассад, за неговиот филмски и педагошки квалитет и посебно заради анализата за причините кои водат кон слепото насилство и заради осудата на тероризмот.

Во филмот се раскажува приказната на двајца палестинци, пријатели од детството, Кхалед и Саид, избрани за да направат самоубиствени атентати во Тел Авив, но операцијата не се одвива според предвиденото...

Филмотм според гернералниот секртар на Совбетот на Европа Тери Дејвисм кој ги додели наградите „не треба да биде само средство за забава и разонода, тој треба и да ги стави во преден план и општествените проблеми и да биде нивни катализатор.“

Претседателот на „Евроимаж“, поранешниот француски министер за култура Жак Тубон, чии фондови ги поддржуваат европските филмски копродукции и нивната дифузија во Европа, нагласува: „Европјаните се повеќе сакаат да гледаат квалитетни европски и домашни филмови. Најдобар е примерот со Франција, но тука се и Шпанија, Белгија и Германија, каде кога има квалитетни домашни филмови тие ги полнат кино салите, кога нив ги нема германската публика се врти кон американските продукции“, вели Жак Тубон.