1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Европскиот суд од Шпанија бара ослободување на терористка на ЕТА

Шпанија, согласно денешната (21.10) пресуда на Европскиот суд за човекови права, мора да ослободи терористка на баскиската организација ЕТА „најбрзо што е можно“.

Ваквата пресуда на Европскиот суд за човекови права може да има огромни последици за Шпанија, која можеби ќе мора да пушти на слобода десетици членови на ЕТА и извршители на тешки кривични дела.

Терористката Инес дел Рио Прада беше осудена на повеќе од 3000 години затвор по повеќе обвиненија за терористички напади во 1980-тите, но во 2008 година, по одлежувањето на максималните 30 години затвор, требаше да биде ослободена. Сепак, државата ѝ го одложи ослободувањето до 2017 година. Судиите во Стразбур денеска пресудија дека дополнителното продолжување на времето минато во затвор е прекршување на Конвенцијата за човекови права.