1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Европскиот парламент препорачува почеток на преговори со Македонија

Ако е по волјата на европратениците, тогаш Македонија би требала наскоро да добие „зелено светло“ за преговори за прием во ЕУ. Секако - ако го положи испитот со изборите!

default

Пратениците ја усвоија резолуцијата за Македонија со големо мнозинство гласови

„478 гласови ’за’, 92 ’против’ - резолуцијата е усвоена со големо мнозинство, честитки за колегата Мејер“ – вака ги соопшти резултатите од денешното гласање во Европскиот парламент, претседателот Ханс-Герт Петеринг.

Со денешната резолуција се поздравува напредокот на Република Македонија на патот кон ЕУ и уште еднаш се бара да се забрза процесот, со кој на земјата ќе и’ се даде датум за почеток на преговорите. Авторот на резолуцијата холандскиот европратеник Ерик Мејер, непосредно пред гласањето даде техничко појаснување за текстот, на забелешки кои беа со политичка заднина. Станува збор за користењето на придавката „македонски“. Така во усвоениот текст наместо „македонски преговорачи“ ќе се користи терминот „преговарачите на Поранешната Југословенска Република Македонија“, како што веќе се практикува во европските институции.

„Кога станува збор за параграфот 18, за Македонската православна црква, тоа е официјалното име на најголемата религиозна заедница во земјата.

Hans- Gert Pöttering

Претседателот на Европскиот парламент, Ханс Герт Петеринг

Со ова се прави разлика во однос на другата православна заедница на Српската православна црква. Користењето на терминот „македонска“ не може да биде заменет, повикувајќи се на името на државата, бидејќи тоа е официјалното име на институцијата, затоа предлагам името на црквата да стои во наводници“ – нагласи Мејер како одговор на забелешките за користењето на терминот „македонски“. Тоа беше единствената директна закачка при гласањето за неговата резолуција за напредокот на Македонија на патот кон ЕУ.

Повлечен неповолниот амандман за името

Ханс Свобода и Јозеф Пињор го повлекоа амандманот поднесен од социјалистичката група, со кој се бришеше делот од резолуцијата, во кој се бараше нерешените билатерални прашања да не бидат пречка за пристапувањето во ЕУ и да имаат предност пред процесот на Европската интеграција. „Господинот Свобода го повлече Првиот амандман, затоа барам да има номинално гласање за вториот дел од параграфот 12“ – порача пратеникот Јоргос Димитракопулос.

По гласањето по име, 363 европратеници гласаа за тоа билатералните нерешени проблеми да не бидат пречка во процесот на европската интеграција. Со други зборови, нерешениот проблем со името кој Македонија го има со Грција, не треба да претставува пречка. Против гласаа 215 европратеници.

Hannes Swoboda

Го повлече неповолниот амандман: австрискиот пратеник Ханес Свобода

Европарламентот со огромно мнозинство од 540 гласови „за“ и „45“ против го усвои амандманот со кој шведската европратеничка Ана Ибрисагиќ, предложи со усен амандман да се измени нацрт текстот, така што сега се повикани сите влади од соседството на Македонија да ја поддржат европската интеграција на земјата за да придонесат за стабилноста и просперитетот на регионот. Тука се мисли на евентуалните проблеми од други соседни земји.

Во резолуцијата посебно е истакнато значењето на организирањето на беспрекорни парламентарни и локални избори. Европратениците инсистираат на потребата од заштита на природната средина, со охрабрување за производство на обновлива енергија. Европарламентот е задоволен од начинот на кој се спроведува Рамковниот договор, но не е ист случајот со ситуацијата на ромското малцинство во Македонија - наспроти значајниот напредок во подобрувањето на неговата положба.