1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Европскиот парламент бојкотира поради Шенген

Европските влади сакаат да одлучуваат за граничните контроли сами - без парламентот. Сега Европарламентот го враќа ударот и блокира донесување закони.

Во знак на протест поради планираното ограничување на Шенгенскиот договор за слобода на движење Европскиот парламент најави дека ќе блокира повеќе други закони.

Претседателот на ЕП Мартин Шулц денеска (14.06) во Стразбур најави дека ќе бидат блокирани постапките за други пет закони. Притоа се работи за реформа на одредбите од Шенгенскиот договор, проширувањето на прекуграничната соработка на полицијата, истрагите за криминалот во Европа, борбата против нападите врз комјутерските системи и пренесувањето податоци на патниците во авионскиот сообраќај. Парламентот се чувствува заобиколен од страна на министрите за внатрешни работи на ЕУ поради тоа што тие сакаат сами да контролираат дали државите на ЕУ коректно го спроведуваат Шенгенскиот договор. Европските министри за внатрешни работи минатата недела постигнаа договор за можно привремено воспоставување внатрешни гранични контроли во рамки на Шенгенскиот простор во случај на неконтролиран притисок на имигранти.

Парламентарците сега сакаат да се обратат до Европскиот суд на правадата за да го расчистат прашањето за нивното право на соодлучување. И Европската комисија изрази незадоволство од едностраната одлука на владите во врска со Шенген.