1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Европска централна банка (ЕЦБ)

Европската централна банка (ЕЦБ) е орган на ЕУ и заедно со народнитe банки на 17 членки на ЕУ го создава заедничкиот Европски систем на централни банки (ЕСЦБ).

Примарната цел на ЕСЦБ е гарантирање на стабилноста на цените во еврозоната. Главните задачи се воспоставување и спроведување на монетарната политика во земјите на Европската монетарна унија (ЕМУ), менаџирање со официјалните девизни резерви, промовирање на непречено плаќање и извршување на девизни трансакции. Освен тоа, ЕЦБ има ексклузивно право да го одобри издавањето на евробанкнотите во еврозоната (ЕМУ) .

Според Договорот од Мастрихт, ЕЦБ е независна од какво било политичко влијание. Таа има сопствен буџет во висина од пет милијарди евра, кои се исплатени од страна на народните банки на 17 земји- членки на ЕМУ. Притоа, Сојузна Република Германија го има најголемиот удел.

Тела

Mario Draghi

Марио Драги е актуелниот шеф на Европската централна банка

Иако ЕЦБ и ЕСЦБ беа основани со Договорот на ЕУ од 1993 година, институциите почнаа да работат дури во 1998 (ЕЦБ) и 1999 година (ЕСЦБ) со воведувањето на еврото за безготовински плаќања. Тие го заменија Европскиот монетарен институт, кој беше воведен во 1994 година врз основа на европската економска и монетарна унија. Седиштето на ЕЦБ е во Франкфурт на Мајна.

Највисокото тело за донесување одлуки е Советот на ЕЦБ, во кој припаѓаат сите членови на бордовите на директори и претседателите на националните централни банки на земјите-членки. Одлуките се донесуваат со просто мнозинство, а притоа секој член има еден глас.

Одлуките на Советот се спроведуваат од страна на Извршниот одбор на ЕЦБ, кој е составен од претседател, заменик-претседател и четири други членови. Нив ги именуваат шефовите на држави или влади во еврозоната за мандат во траење од осум години, а повторен избор не е дозволен. На 1 ноември 2011 година претседателот на Народната банка на Италија, Марио Драги го замени Жан-Клод Трише на местото претседател на ЕЦБ.