1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Европска сонда-Марс

Европската вселенска сонда Бигл 2 не успеа да воспостави контакт со земјата во предвидениот рок ,со што требаше да го потврди своето слетување на Марс.Претходно европската вселенска агенција соопшти дека Бигл утрово слетала на површината на Марс.Во согласност со програмата,првата врска меѓу сондата и земјата требаше да биде извршена преку вселенскиот брод на НАСА Марс Одисеј,но НАСА не го примила сигналот во предвиденото време. Ова се уште не значи дека е загубена мисијата,изјави раководителот на проектот професор Колин Пилинџар.Постои уште една можност за воспоставување контакт на Бигл два со земјата и тоа вечер.