1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Европска помош за подобра интеграција на Ромите во Македонија

Статусот на Ромите законски е регулиран, но нивните социјални, образовни и општествени проблеми во Македонија се големи. За ситуацијата на Ромите во македонското собрание се оддржа парламентарен ден.

Македонското собрание

Македонското собрание

Двајца пратeници во парламентот, една општина и градоначалник, уставна заштита од дискриминација - Ваквата општествена и политичка положба на Ромите во Македонија, не е веродостојна слика на нивниот социјален статус во земјата. Деновиве весниците во Македонија пишуваат дека во Штип на младите Роми им бил забранет влез во некој од кафулињата. Скопската група за истите проблеми неодамна се жалела до Хелсиншкиот комитет.

Ако не беше вчерашниот парламентраен ден за статусот на Ромите, малкумина знаеа дека двајца од Ромите со високо образобвание биле отпуштени од минситерствата од претходната и од оваа влада „Бидејќи мојата заедница никогаш не му направи лошо на мојата држава, односно ние овие простори не ги населивме со оган, ние ги населивме со песна и игра. Ние сме мирољубиви луѓе и космополити, луѓе што навистина го сакаат сожителството. “ кажа со доза на емоциите пратеникот од владејачката коалиција Шабан Салиу од партијата на Ромите.

Неговите Роми со аплауз пред европарламентарците му ја покажаа поддршката. Владите во Македонија: „Таа многу малку направи досега за Ромите, колку сме задоволни – не сме задоволни.“ вели Неџат Газимовски од невладиниот ромски сектор во Македонија.

Македонија мора да оствари континуитет во дијалогот со Ромите, порача европретреникот Јелкио Кацин на вчерашниот ден во парламентот во Македонија за ромската слика „Заедно да направиме шанса за Ромите. Ним им треба интеграција во системот.“ рече гостинот од Словенија.

Европскиот палрманет бара членките и кандидатите за Унијата да се вклучат во борбата против антициганизмот, романофобијата во Европа.

Македонија има дополнителен товар со слаба економија да решава куп социјални - образовни и општествени прашања од животот на официјални 54.000 неофицијално двојно повеќе Роми во Македонија. Според агенцијата за вработување над 33 насто немат основно образование, само 7 проценти имаат средно, а одвај 0,5 насто високо образование. Над 70 насто од од жените Роми, заработуваат на црниот пазар. Питaњето е белег за цели ромски семејства на скопските раскрсници „Немам куќа, знаеш каде живеам на Вардар. Три деца имам на улица живеам. Ако не просам од каде ќе се издржувам. Ни социјалнио ништо неземам.“ вели 25 годишната Силва Кадри која со најмалото 20 месечно бебе и осумгодишниот син може да се забележи спроти судската палата во Скопје.

Во познатата скопска населба Шутка, 40 проценти од семејствата се во простор од 3 до 5 квадретни метри, половината немаат бања, 15 проценит користат полски тоалети. Вчерашниот европарламентраен ден за Ромите во македонското собрание, ја остави пораката на гостинката од Брисел Елс де Кроен, интегирањето на Ромите е комплексен проблем и за Македонија.

Поврзана содржина