Европската унија ќе ги зајакне санкциите против Мијанмар | Вести | DW | 04.10.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Европската унија ќе ги зајакне санкциите против Мијанмар

*

Амбасадорите на земјите членки на ЕУ постигнаа договор за заострување на санкциите против Мијанмар. Формална одлука треба да донесат шефовите на дипломатии на ЕУ, а санкциите би требало да стапат во сила на средината од октомври. Инаку, веќе десет години во сила се ембаргото за оружје воведено од страна на ЕУ и забраната за инвестиции на европски фирми во Мијанмар. Утре, Советот за безбедност на ОН, треба да расправа за новите чекори поради кршењето на човековите права во таа земја.