Европската Унија стои пред важен крстопат | Теми на денот | DW | 01.03.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Европската Унија стои пред важен крстопат

Ваква порака претпладнево во обраќањето во Бундестагот , германската канцеларка Ангела Меркел . Таа во име на претседавач со ЕУ говореше за целите на Унијата воочи самитот на нејзините лидери што ќе се одржи во Брисел на 8 и 9 март .

Меркел на говорницата во Бундестагот

Меркел на говорницата во Бундестагот

Воочи првиот Самит на ЕУ под германско претседателство , германската канцеларка Ангела Меркел денеска се обрати пред пратениците во Бундестагот. Во средиштето на нејзиниот говор се наоѓаа енергетската политика и заштитата на климата .

Но со оглед на тоа што на крајот од март во Берлин ќе се одржи и уште еден Самит на лидерите на земјите членки на Унијата чиј повод е 50 годишнината од потпишувањето на т.н Римски договори , кои важат за камен темелник на денешната ЕУ ,Меркел во Бундестагот зборуваше и за актуелната состојба во која се наоѓа Унијата

" Сметам дека можеме да кажеме дека исто како и во 1957 година така и денес Европската Унија повторно стои пред важен крстопат . Денес станува збор за тоа ,да се зафатиме со досега пропуштените или само половично спроведени прилагодувања на Европската Унија на нејзината нова големина на една страна и со една целосно променета состојба во светот на друга страна“- истакна Меркел.

Ние сакаме да го забрзаме европскиот проект порача натаму Меркел додавајќи дека Европската Унија мора да наиде на прифаќање кај граѓаните . Една од најважните цели за блиската иднина според германската канцеларка е и заштитата на климата . Европската унија пред себе постави амбициозна цел до 2020 година за 20 проценти да ја намали емисијата на гасови штетни за атмосферата . Меркел меѓутоа денеска истакна дека само ангажманот на ЕУ не е доволен и оти во важноста на заштитата на климата треба да гo убеди и останатиот дел од светот.

Промената на климата не може да се гледа без да се направи ништо . Време е за акција- порача Меркел додавајќи:

“Знам дека ние во ЕУ испуштаме само 15 проценти јаглерод диоксид од вкупната емисија ширум светот. И поради тоа е јасно : Европа нема самата да успее , да го реши проблемот со климата доколку не и успее , да ги убеди другите ” – истакна германската канцеларка во претпладневното обраќање во Бундестагот.