Европската кошарка добива НБА правила | Теми | DW | 30.01.2013
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Европската кошарка добива НБА правила

Според најавите од ФИБА, на правилата за игра на европската кошарка им претстојат големи промени кои ќе значат приближување барем во техничка смисла до американската професионална лига - НБА.

default

Раководството на Светската кошаркарска организација - ФИБА, претстојниот викенд во Сингапур ќе одржи состанок на кој се најавени „револуцинерни промени“ во кошаркарските правила во насока на приближување на правилата во најсилната светска лига - НБА. Промените ќе се однесуваат на шест правила во европската кошарка.

Според овие измени, растојанието за три поени ќе се премести од 6,75 на 7,25 метри. По офанзивен скок екипите ќе добиваат 14 секунди за новиот напад, а техничката грешка наместо досегашните две ќе носи само едно слободно фрлање и топка од страна.

Во последните две минути од натпреварот во бонус ќе се влегува со два прекршока (актуелно е во бонус да се оди со петтиот фаул во четвртината).

Ќе има промена и во должината и ширина на теренот, а при „мртва топка“ наместо сегашното наизменично изведување од страна, се враќа судиското потфрлување. Новите правила во Европската кошарка би требало да започнат да се применуваат следната сезона, а официјална потврда за тоа треба да се донесе на состанокот на челниците на ФИБА претстојниот викенд во Сингапур.