1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Европската комисија ја тужи Германија

Европската комисија ја тужи Германија пред Европскиот суд поради спорот околу чувањето податоци. Комисијата бара казна за германската влада поради непреземање на ЕУ-законот во националното право.

Според Европската комисија, Германија во случајот со складирање податоци го повредила европското право затоа што не го презела законот на ЕУ кој ја регулира оваа сфера. Насоките на ЕУ од 2006 година пропишуваат чување на телефонските и интернет податоците на граѓаните за цели на истрага од страна на властите. Откако германскиот Уставен суд го собори германскиот закон во 2010 година, владејачките партии во Берлин - ЦДУ, ЦСУ и ФДП се караат околу новиот закон и го пречекорија рокот што им беше зададен од страна на ЕУ, а кој истече во април.

Министерката за правда Сабине Лојтхојзер-Шнаренбергер (ФДП) смета дека податоците од телекомуникациите заради борба против криминалот треба да се чуваат само ако постојат конкретни сомневања. Министерот за внатрешни работи Ханс-Петер Фридрих (ЦСУ) пак, бара генерално чување на податоците во период од шест месеци, како што е пропишано со насоките на ЕУ.

Европската комисија ја најави тужбата уште пред неколку недели. Постапки поради повреда на ЕУ-договори не се реткост - против Германија се водат повеќе од 70 постапки.