1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Европската комисија сака да воведе „интелигентни граници“

Најновиот проект на ЕУ има за цел да обезбеди поголема безбедност на Шенген просторот преку употреба на висока технологија. Критичарите сметаат дека проектот „Смарт Бордерс“ повеќе наликува на „Големиот брат“.

Отворена и привлечна- така сака ЕУ да му се претставува на светот. Затоа, влезот на лица кои не се од ЕУ треба да биде што е можно полесен и поедноставен, вели еврокомесарката за внатрешни работи, Сесилија Малстрем. При претставувањето на проектот „Смарт Бордерс" таа ги нагласи бенефициите за патниците, за контролорите на границите, како и за економијата во земјите од ЕУ.

„Според пресметките на Еуростат, лицата надвор од ЕУ во 2011. година и донеле 271 милијарди евра на економијата на ЕУ. Затоа ние мораме да им обезбедиме на туристите, бизнисмените, студентите и научниците што е можно полесен влез во ЕУ“, рече Малстрем.

Две компоненти

Smart Borders EU Kommission Cecilia Malmstrom

Сесилија Малстрем

Пакетот „Смарт бордерс“ опфаќа две компоненти кои до 2017/18 година треба да се воведат во сите земји членки на ЕУ: „Програма на регистрирани патници“ (РТП) и „Систем на влез-излез“ (ЕЕС). Околу две илјади гранични контроли треба да бидат опремени со овие системи. Дополнително и сите аеродроми и пристаништа. Проценките се дека проектот ќе чини 1,1 милијарда евра.

Програмата РТП треба да им овозможи на патниците кои доаѓаат надвор од ЕУ и кои често патуваат, олеснет влез и излез. Тие ќе можат да се регистрираат и за одредена сума ќе добијат т.н. Арт Чип, со кој ќе можат да ги минуваат границите на ЕУ преку автоматски шалтери без дополнителна контрола при влез и излез.

Системот ЕЕС ќе ги регистрира сите биометриски податоци на патниците кои не се од ЕУ и должината на нивните визи. Овие информации понатаму ќе бидат проследувани до сите земји членки. Преку овој систем ќе се оневозможи оние кои легално влегле во ЕУ да останат подолго од предвиденото. Податоците ќе останат во систем шест месеци, освен за оние лица кои ќе го пречекорат дозволениот период. Нивните податоци ќе останат во системот неограничено.

Анти-миграциски систем

Употребата на системот ЕЕС има и свои критичари. Официјалното објаснување дека преку „Смарт Бордерс“ ЕУ сака да се заштити од наплив на бегалци од арапскиот свет и други кризни региони е претерано, смета европратеничката од редовите на германските Зелени Ска Келер.

„Во принцип ние тука забележуваме тенденција, миграцијата да се претстави како безбедносна тема и сите мигранти да се дефинираат како безбедносен ризик, што е претерано“. Неприфатливо е преку ЕЕС сите лица надвор од ЕУ да се ставаат под сомнение. Политичарката на Зелените се противи и на планот, собраните податоци да се користат од полициите во ЕУ членките и да се употребуваат во истрагата за криминални случаи.

Landesvorsitzende Bündnis 90/Die Grünen in Brandenburg Ska Keller

Ска Келер

„Не можеме да сфатиме зошто сите странци во ЕУ ќе бидат регистрирани со отпечаток од прст и потоа ќе бидат сметани за сомнителни, практично во ист кош со криминалци, кога во Германија е забрането да се чуваат личните податоци на Германците“.

И покрај критиките, комесарката Малстрем е уверена во успех на проектот. Во буџетот на ЕУ, и покрај кратењата, веќе се обезбедени средства за него. Од друга страна, надежта е дека тој ќе им помогне на земјите-членки да се справат со растечкиот број на патници- до 2030 година се проценува дека во ЕУ ќе влезат преку 700 милиони патници- без притоа да се покачува бројот на персоналот на границите.

Сега проектот треба да биде одобрен од Советот на ЕУ и од Европскиот парламент. „Смарт Бордерс“ е се’ уште далеку од готова работа.