1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Европската комисија повикува да се истрае во кризата

Eкономското опоравување во Европа без строго штедење и реформи не е можно, предупредува комесарот за монетарна политика на ЕУ, Оли Рен. Потребни се жртвувања за излез од кризата.

Европејците мораат и натаму да чекаат на економски полет и да се подготват на натамошни жртвувања, дури потоа работите ќе се одвиваат во нагорна линија. Комесарот за монетарна политика на ЕУ Оли Рен, изминатиот петок не можеше да понуди голема утеха. Неговата пролетна прогноза во прва линија содржи пораки да се истрае. „Европското стопанство сега се наоѓа во блага, но кратка рецесија. Тоа најверојатно полека ќе се опорави во втората половина од годинава“. За 2012 година Комисијата во еврозоната очекува минус од 0,3 проценти, а за 2013 година плус од еден процент. Невработеноста меѓутоа останува висока.

Франција полошо од очекувањата, Италија подобра

Frankreich / Wahlabend / Bastille

Прослава на победата на Франсоа Оланд

Намалувањето на дефицитот во Европа бележи напредок, смета комесарот Рен, иако темпото е различно во поединечните земји. Германија, според очекувањето, напредува многу добро. Исто така и Италија добро напредува во намалувањето на дефицитот, смета Европската комисија, иако долго со загриженост се гледаше кон Рим. Важно за новиот француски претседател Франсоа Оланд, кому штедењето очигледно не му е многу важно: Франција најверојатно нема да ги оствари целите за консолидација. Доколку ништо не се промени во овој поглед, Комисијата построго ќе се однесува кон Франција. Далеку од остварување на целта за намалување на дефицитот е Шпанија, каде ситуацијата е затегната особено поради позицијата на банките. Дали Комисијата ќе и го продолжи рокот на Шпанија за намалување на дефицитот, Рен не прецизираше, меѓутоа изрази увереност во владата во Мадрид.

„Систематско живеење над можностите “

Anteil der Staatsschulden

Уделот на државните долгови

За Грција Рен има помалку трпение. „Грција цела деценија систематски живееше над своите можности“. Дека е можен позитивен тренд по кирза, за тоа Рен има конкретен пример. За целиот балтички регион и пред се’ Летонија, строгите мерки на крајот се исплатеа.

Комесарот на хоризонтот гледа и други зразци светлина, на пример за работните трошоци во Европа. Во земјите особено погодени од кризата се намалија дел од работните трошоци. Со тоа ќе се зголеми нивната конкурентност. Напротив во земјите како Германија се покачуваат овие трошоци, што е добро за намалување на нерамнотежата во целото европско стопанство, подвлекува Рен.

Комесарот нагласи дека предвиденото опоравување ќе настапи доколку земјите на ЕУ останат на започнатиот курс: консолидација на буџетите, спроведување структурни реформи и инвестиции во целни проекти. Тоа е мантрата на Рен. Од неа не остапува, без оглед на грчката криза или новиот француски претседател Оланд.