1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Европската Комисија гледа напредок во Македонија

Од Брисел оценуваат дека европските реформи осетно напредувале во Македонија и најавуваат нова стратегија за евро-интеграција на Западниот Балкан во ЕУ. Забележан напредок околу спорот за името

Официјален претставник на Европската Комисија во Брисел денеска на брифинг со новинарите соопштил дека „се надева“ оти годинава ќе се оствари суштински напредок во европската програма за Македонија, јавува дописникот на агенцијата Бета од Брисел. Истиот извор наведува дека постои надеж за напредок во решавањето на деценискиот спор околу името меѓу Скопје и Атина, откако властите во Македонија „позитивно одговориле на минатонеделниот грчки меморандум кој содржел предлози за решавање на спорот“.

Претставникот на ЕК говорејќи за Македонија ги пофалил успесите во примената на Охридскиот рамковен договор и учеството на Албанците во власта во земјата. Тој како позитивни примери ги навел и укинувањето на законот за казнување за клевета во медиумите, како и реформите во правосудството.

Радио Слободна Европа, повикувајќи се на свои извори во Брисел, претходно јави дека Европската Комисија во извештајот за напредокот на Македонија кон евро-интеграциите кој ќе биде објавен утре ќе препорача почеток на преговорите за членство со ЕУ. Според овој извор, Комисијата смета дека преговорите треба да почнат, а проблемот со името со Грција да биде решен во раната фаза на пристапните преговори, што би било еден вид услов за натамошниот тек на преговорите.