1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Европската комисија бара нови договори за „Јужен тек“

Договорите со Русија на неколку земји-членки на ЕУ околу изградбата и менаџирањето со гасоводот „Јужен тек“ се во спротивност со законите на ЕУ и треба да се ревидираат, порачуваат од Брисел

Европската комисија утврдила дека меѓу-владините договори меѓу Русија и земјите-членки на ЕУ низ кои ќе транзитира гасоводот „Јужен тек“ не се во согласност со правилата на ЕУ, соопшти портпаролката на комесарот за енергетика, Марлене Холцнер.

Ваков договор со Русија досега потпишаа Бугарија и Унгарија, како и Србија која е кандидат за членство.

„Договорите со Москва се проблематични во однос три точки. Прво, мора да се раздели производството на гас од неговиот пренос, оти според сегашниот договор тоа би требало во

иднина да го прави само една компанија (“Гаспром”). Второ, гасоводот треба да е достапен и за трети страни кои ќе се заинтересираат да се приклучат, односно производителот е должен да го даде истиот на било-кој што во Европа ќе побара. И трето, гасоводот мора да има независен раководител, а во случајот тоа е повторно „Гаспром“- изјави Холцнер.

EU Marlene Holzner Pressesprecher von Günther Oettinger

Марлене Холцнер

Изградбата на 2.380 километри долгиот гасовод веќе започна. Предвидено е тој да патува под Црното море, а потоа преку Бугарија, Србија, Унгарија и Словенија, сѐ до Италија. Во Европската комисија признаваат дека не се моќни да ја спречат изградбата на гасоводот, но се закануваат дека доколку не се решат легалните проблеми „некои банки би се двоумеле дали да го финансираат проектот“.

Руската влада веќе соопшти дека нема намера повторно да преговара за билатералните договори со земјите-потписнички на проектот. Според некои проценки, реакцијата на Брисел би можела да ја одолговлечи реализацијата на проектот.

Поврзана содржина