1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Европратеници организираат семинар во Скопје за демократија и медиуми

Групата на социјалистите и демократите во Европскиот парламент на 14.02.2014 ќе организира јавен семинар на тема „Демократија, владеење на правото и слобода на медиумите како клучни критериуми во напредувањето кон ЕУ“.

default

На семинарот во Скопје, како што јавува агенцијата МИА, е предвидено да говорат четворица европратеници од редовите на социјалдемократите и шефот на ЕУ-делегацијата во Република Македонија, Аиво Орав.

Во поканата за присуство на овој настан, Групата на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите во Европскиот парламент посочува дека во последните години има работено на идеи со цел - зајакнување на врските меѓу земјите- кандидати и потенцијалните земји-кандидати во Западен Балкан со Европската унија.

„Драматичните настани што ја преобликуваа картата и политичката реалност на Западниот Балкан за време на последната деценија од минатиот милениум, како и многуте последни случувања и тековните дискусии во врска со напредокот во овој регион кон пристапувањето во ЕУ, стојат како аргумент за дебата, оценување и предложување соодветни политички инструменти за справување со таквите достигнувања и нивните импликации за ЕУ земјите-членки и земјите кандидати или потенцијални земји-кандидати“, се наведува во поканата на европратениците социјалдемократи.

Во писмото-покана испратено од потпретседателот на Европарламентот, Либор Роучек, покрај неговото присуство, на семинарот се најавени и европратениците Ричард Хауит, Кинга Гонч (екс- министер за надворешни работи на Унгарија), Кнут Флекенштајн (Германија) и Аиво Орав, шеф на делегацијата на Европската унија во Скопје, како и социјалдемократите и социјалистичките лидери на парламентарните групи во земјите од Западен Балкан.