1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Европратеници го критикуваат затворањето на А2 телевизија

Група пратеници во Европскиот парламент во заедничко писмо реагираат на одлуката за затворање на македонската телевизија А2.

Пет европратеници, меѓу кои Тања Фајон и Јорго Шацимаркакис, преку писмо изразија загриженост поради затворањето на Телевизија А2.

Сметаат дека ваквиот потег е јасен знак за загрозеност на слободата и плурализмот во медиумскиот простор.

Ги повикуваат Советот за радиодифузија и премиерот Никола Груевски уште еднаш да размислат за ваквиот потег, на кој, како што велат, критички се гледа во европските институции.

„Слободата на изразување и медиумскиот плурализам се во срцето на европските вредности. Нема демократија без слободен печат. Властите треба да го осигураат ова основно право и слободна и безбедна средина за независна и професионална работа на новинарите“, се вели во писмото потпишано од европратениците Тања Фајон, Жан-Мари Кавада, Јорго Шацимаркакис, Либор Роучек и Виктор Боштинару.