1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Европратеници бараат отворање на преговори со Македонија

Осум европратеници од различни пратенички групи бараат од Европскиот совет да отвори преговори со Македонија. Тие бараат спроведување на препораките од Европската комисија за приближување на Западниот Балкан кон Унијата.

default

Европратениците бараат да не се жртвува стабилноста во Западниот Балкан

Виктор Боштинар, Гунар Хекмарк, Ричард Хауит, Јелко Кацин, Едуард Кукан. Дорис Пак, Ханес Свобода и Чарлс Танок заеднички писмено се обратија до земјите членки со порака дека „ЕУ треба да ги подржи конструктивните и кредибилни препораки на Европската комисија за понатамошна интеграција на Западниот Балкан“.

Европратениците повикуваат „да се испрати стратешки значајниот сигнал кон непосредното соседство на ЕУ. По Договорот за пристапување со Хрватска, треба да се упати силна порака кон останатите земји од Западен Балкан“, забележуваат европратениците во своето писмено обраќање.

Замрзнувањето на проширувањето ќе го наруши кредибилитетот на ЕУ

Притоа, тие нагласуваат дека треба да се отворат преговори со Македонија и Црна Гора, да се даде кандидатски статус на Србија и да се започне дијалогот за визна либерализација со Косово.

Schweigeminute für Opfer der Flutkatastrophe EU Belgien

Европратениците бараат почитување на препораките на Европската комисија за отворање преговори, давање кандидатски статус и преговори за визите

„Нема да биде мудро да се замрзне процесот на проширување по потпишувањето на договорот со Хрватска, бидејќи тоа ќе го наруши кредибилитетот на Унијата и ќе ја стави во ризик стабилноста во Југоисточна Европа“, укажуваат европаламентарците и додаваат дека тие го поддржуваат пристапот на регионална перспектива, но тој пристап сепак треба да биде комбиниран со индивидуалните постигнувања на секоја од земјите аспирантки за членство.

Да не се жртвува стабилноста на Западниот Балкан

„Затоа, ЕУ треба да испорача јасна и силна порака до регионот, која ќе одговори на очекувањата од земјите во Западен Балкан. Убедени сме дека препораките на Комисијата за Македонија, Црна Гора, Србија и Косово ќе добијат поткрепа за понатамошни институционални чекори. Тоа значи: отворање на преговори за членство, давање кандидатски статус и отворање на дијалог за визите“, стои во писменото обраќање на осумте европарламентарци до земјите членки од ЕУ.

Тие ги повикуваат земјите членки да не ги занемаруваат препораките од Европската комисија. „Тие не треба да ги жртвуваат идниот просперитет и стабилност на Западниот Балкан во име на кратковиди национални загрижености“, заклучуваат Боштинар, Хекмарк, Хауит, Кацин, Кукан, Пак, Свобода и Танок во своето писмено обраќање.

Автор: Александар Методијев

Редактор: Симе Недевски