1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Европејците штедат при купувањето автомобили

Продажбата на автомобили во Европа е во надолен тренд. Тоа се должи на финансиската криза. Во Германија, меѓутоа, падот на продажбата е мал.

Оној што дава многу пари за да купи автомобил мора да е сигурен во својата финансиска иднина. Луѓето во Европа, особено во земјите кои мораат да спроведуваат тешки програми за штедење, се воздржуваат од големи трошоци. Продажбата на автомобили е намалена - на пример во Италија за 17 проценти.

Во јануари годинава, во просек, во ЕУ се продадени 17% помалку автомобили отколку во истиот месец лани. Најлошо е на францускиот пазар, кадешто има минус од 21 процент. Германија, споредена со ваквите бројки, мина релативно без проблеми и има минус од 0,4%.

Themenbild Deutsche Autos

Во Германија продажбата не забележа значителен пад

Речиси сите производители на автомобили пријавуваат намалување на продажбата. Рено, на пример, во јануари продал една четвртина помалку автомобили отколку во истиот месец лани. Пад има и на германскиот пазар. Кај Опел минусот, во споредба со минатата година, изнесува цели 21 процент. Кај Мерцедес и Ауди, пак, е забележан плус. Добра продажба во Европа имаат и производителите на поволни автомобили - корејскиот производител Киа има продажба за една третина поголема отколку минатата година.

Прилогот можете да го погледнете и како Видео на денот!

Автор: Керстин Швајцер / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Александра Трајковска