1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Европејците мораат да се правдаат на Г8

Американскиот претседател Барак Обама на почетокот на средбата на Г8 апелираше до Европа повторно да ги поттикне економиите во криза и со тоа го зголеми притисокот врз Меркел, која досега пропагира стриктно штедење.

Се‘ требаше да се одвива поинаку - Европејците имаа намера во Кемп Дејвид гордо да покажат дека нивните заштитини ѕидови против кризи се зајакнати и дека брегот долгови се намалува. За порастот во економијата исто така, под притисок на францускиот претседател Оланд, мора нешто да се стори. Но Грција повторно ги помати сметките. Европејците на самитот на Г8 мора да се правдаат пред САД поради земјата која во еврозоната придонесува со само два процента од економското постигнување, а ја тресе монетарната унија и предизвикува несигурност во цел свет. А тоа на домаќинот на самитот на Групата осум воопшто не му е потребно, зашто во ноември претстојат нови избори во САД, на кои главна тема ќе биде економијата.

Merkel Obama G8 Camp David

Ангела Меркел и Барак Обама во Кемп Дејвид

Американскиот претседател Барак Обама бара поголем напор од европските држави членки на Г8: „Исправени сме пред итни предизвици - да создадеме работни места, да излеземе на крај со должничката криза во еврозоната, да ја оздравиме светската економија на долг рок“, изјави тој. „Се радуваме на плодните дискусии вечерва и утре, околу тоа како да се постигне одговорна консолидација, која би се комбинирала со силна програма за пораст“, рече Обама на почетокот на разговорите во Кемп Дејвид, кај Вашингтон.

Американскиот претседател стравува од назадување во полетот во неговата земја доколку европската економија уште долго време не биде способна да биде мотор на пораст и доколку евентуално исклучување на Грција од еврозоната предизвика меѓународни турбуленции. Од кругови на делегациите на Г8 пред самитот се велеше дека американската влада стравува дека банкрот на Грција би имал последици за глобалната економија, како што се случи по крахот на американската инвестициска банка Лиман Брадерс во 2008 година.

Barack Obama und Francois Hollande Treffen im Weißen Haus

Меѓу САД и Франција постои конвергентност, вели францускиот претседател Оланд (л.)

Обама очигледно најде сојузник за својот курс во новиот француски претседател Франсоа Оланд. Двајцата претседатели непосредно пред самитот на Г8 се заложија за политика која ќе се темели повеќе врз пораст. Оланд рече дека по тоа прашање меѓу Вашингтон и Париз постои „конвергентност“. И британскиот премиер Дејвид Камерон го повика континентот на решителност за да се справи со должничката криза. Канада и Италија исто така даваат поддршка за државни импулси за економијата, а Јапонија ја повтори својата згариженост околу европскиот развој.

Канцеларката Ангела Меркел е подготвена на целни конјуктурни импулси, но се противи на голем пакет мерки за пораст и е против олабавување на курсот на штедење во еврозоната. „Германија , во оваа рунда, е прилично изолирана“, проценува претставникот на ММФ Доменико Ломбарди.