1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Европејците задоволни од заклучоците на Г20

Шефовите на држави и влади на Г20 на самитот во Лондон постигнаа согласнот, со нова глобална финансиска архитектура да го пронајдат излезот од најголемата економска криза по Втората светска војна.

default

Г20

Повеќе регулирање, надзор и институционални реформи, наместо нови конјунктурни пакети за заживување на светската економија - Ова е резултатот од дводневниот

Gordon Brown Abschlusspressekonferenz G20

Гордон Браун на завршната конференција

самит на Г20 во Лондон. Домаќинот, британскиот премиер Гордон Браун на крајот извлече позитивен биланс: „Ова е ден на кој светот се собра за да се бори против глобалната рецесија. Не само со зборови туку и со план за опоравување на економијата ширум светот и за реформи.“

Детално формулирани правила

Во бројки тоа значи, дека Г20 во екот на најтешката економска криза ќе ги подржат најсиромашните земји и светската трговија со еден билион долари. На барање на Европејците некои аспекти од реформата на финансиските пазари подетално се формулирани отколку што беше

Gordon Brown und Angela Merkel bei G20 Gipfel in London

Меркел е задоволна

предвидено. Германската канцеларка Ангела Меркел е задоволна: „Постигнавме согласност да се изгради јасна архитектура на финансискиот пазар, во документот што го усвоија сите шефови на држави и влади ги наведовме важните точки. Во декларацијата уште еднаш детално се договоривме, како поединечни нации ќе се обврзат да ги спроведат овие точки во сопствените правни системи.“

Меѓу заклучоците кои конкретно мора да се спроведат се вбројуват контрола на банките и кредитните институти, Хеџ Фондовите и рејтинг агенциите, како и ново регулирање на примањата на менаџерите, со кои треба да се спречи да добиваат големи премии иако претпријатијата трпат загуби.

Поголема финансиска поддршка за ММФ

Во завршната декларација не стана збор за нови конјунктурни пакети. Договорено е за трипати да се зголемат и финансиските средства за Меѓународниот монетарен фонд. При оваа најголема реформа на ММФ од неговото формирање во 1944 година ќе се зголеми и финансискиот товар врз Европејците.

EU Länder G-20

„Кога ќе се погледнат резултатите може да се каже дека тие се поамбициозни од очекуваното.“ рече претседателот на Комисијата на ЕУ, Жозе Мануел Баросо. За ЕУ исто така беше важно, шефовите на Г20 јасно да му кажат НЕ на протекционизмот и да се заложат за принципиот на отворени пазари.

Со меѓународна помош би требало да бидат регулирани и така наречените даночни оази. Европeјците побараа да се направи и црна листа на држави кои не соработуваат, која штотуку е објавена. Европејците успешно ги спроведоа своите цели во Лондон. Усвоените мерки сега треба да се спроведат, вели Баросо: „Кажавме што ќе сториме, и ќе го направиме она што го кажавме.“

За спроведување на амбициозните заклучоци од самитот на потег се државите.

Автор: Сузане Хен/Александра Трајковска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска