1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Европа ја отфрла понудата на Бин Ладен

Повеќе европски земји го отфрлија понуденото примирје од водачот на терористичката Ал Каеда, Осама Бин Ладен,кое не важеше за САД.

Бин Ладен не успеа да ги скара Европа и САД

Бин Ладен не успеа да ги скара Европа и САД

Американскиот државен секретар Колин Пауел очекува дека понудата ќе ја засили соработката на Европа со САД против тероризмот.

Бин Ладен не може да ги подели Американците и Европејците,јас сум сигурен дека Бин Ладен нема да успее,изјави вчера Пауел во интервју за италијанската телевизија.Тој претхиодно ги пренесе оценките на ЦИА дека се работи за автентична снимка на Бин Ладен.Лидерот на Ал Каеда вчера им понуди примирје на Европејците ако се повлечат од исламскитедржави,давајќи рок од три месеци,а исклучувајќи ги Американците од понудата.

Европејците реагираа со одбивање.

-Терористичките напади во Мадрид покажаа дека Европа е заеднички загрозена,сеедно каков е ставот на некоја од земјите кон ирачката војна.Мојата позиција е јасна,мора да постои заеднички одговор на заканата.Секој обид за поделба на Европа ќе пропадне пред нејзиното единство,изјави германскиот сојузен канцелар Герхард Шредер.

Францускиот претседател Жак Ширак кој заедно со Шредер беше против ирачката војна,исто така исклучи можност од преговори со терористите.Истовремено тој ја отфрли и можноста за испраќање француски војници во Ирак.

Британскиот премиер Тони Блер, кој беше во посета на Њујорк каде имаше разговори со генералниот секретар на ОН Кофи Анан,беше исто така дециден:

Не верувам дека ни треба Би Ладен за да ни каже како да ги средуваме своите политички работи,изјави Блер.

Британскиот министер за надворешни работи Џек Строу повика на презир кон Бин Ладен и неговите терористи:Тоа е организација на убијци која се обидува да постигне неможни цели со насилни средства.

-Ова е уште еден бесрамен обид за поделба на меѓународната заедница.Тоа меѓутоа нема да му успее,изјави Строу.

Италија ,според бројот на силите трет коалиционен партнер во Ирак,го дели ставот на другите во Европа.

-Незамисливо е да започнеме преговори со Бин Ладен,секој тоа го разбира,изјави италијанскиот министер за надворешни работи Франко Фратини.

Во тоа му се придружи и идниот шпански министер за надворешни работи Мигуел Ангел Моратинос:

-Тоа што сакаме е мир,демократија и слобода,не мораме да слушаме што зборува ниту да му одговараме на човекот од тонската лента.