1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Европа треба да ја смени енергетската политика

Руско Украинскиот спор околу цената на гасот предизвика жестока дискусија во Европа околу стратегиското прашање за снабдувањето со енергија. Со реакција се јави и меѓународната агенција за енергија во Париз.

default

Европејците сеуште се во шок откако Русија пред неколку денови ги затвори, па повторно ги отвори вентилите на гасоводите кон Европа. Во меѓународната агенција за енергија во Париз не беа изненадени. Европа во енергетски поглед е премногу зависна од мал број земји, пред се од Русија и Блискиот исток, вели шефот на агенцијата Фатих Бирол. Тој нагласува дека сигурно ќе биде и полошо

„ Денес речиси 40% од енергијата за Европа доаѓа од Русија и Блискиот исток, а за 20 до 30 години тој процент би се зголемил на 80%. Ние тоа го сметаме за многу опасно„

Тоа е така бидеќи светските резерви од нафта и гас се наоѓаат токму во земјите со нестабилни политички режими. Покрај Русија, тука е Саудиска Арабија, Ирак и Иран и тоа би можело да има тешки последици. Бирол нагласува:

„ Постои опасност тие земји изворите да ги искористат како политичко оружје„

Меѓународната агенција за енергија има три предлога:

„ Прво, земјите како Германија мораат да ги зголемат своите енергетски резерви, со посебен акцент на штедење на енергијата. Трето, во иднина повеќе внимание треба да се посвети на обновливите енергии и финансиски да се помогне секој чекор во зголемување на тие потенцијали. И како трето и натаму мора да се смета на атомската енергија како енергетски важен фактор„

За Германија шокот кој го предизвика Русија би можело да преставува шанса за превземање на водечкото место во производство на енергија од ветер.

„ За Германија е многу важен фактор извозот на турбини за ветерници на пазарите како Кина, Индија и останатите земји во развој„вели Бирол

Од агенцијата во Париз бараат подобра сорагботка меѓу европските земји во енергетската политика, што претходно го поддржаа и министрите за енергија на ЕУ. Шефот Фатих Бирол е скептичен, бидејќи како што вели, од зборови мора да се прејде на дело.