1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Европа: „Случај за санација“

ЕУ- комесарот за енергија Гинтер Етингер на една манифестација силно ги критикуваше европските држави поради нивните приоритети и начинот на водењето политика.

ЕУ комесарот за енергија Гинтер Етингер жестоко ја критикуваше состојбата во Европската унија. Европа е „случај за санација“, истакна Етингер пред германско-белгиско-луксембуршката трговска комора во Брисел, пренесува весникот „Билд“. Многумина во Европа се'уште веруваат, „се‘ ќе биде добро“, рекол Етингер во неговиот говор. Брисел „вистинската лоша состојба се'уште не ја осознал доволно“. Наместо да се надмине економската и должничката криза, Европа се однесува како „ воспитувачка институција“ за остатокот на светот.

За Бугарија, Романија и Италија Етингер, според весникот, рекол дека „во основа со нив речиси да не може да се владее“. Комесарот дополнително е загрижен поради тоа што во многу земји зајакнуваат движењата критички настроени кон ЕУ, меѓу нив и во Велика Британија.

Комесарот се пресметува и со Франција и тамошиот стопански развој. Земјата не е „воопшто подготвена за она што е неопходно“, рече Етингер. На Франција и' се потребни реформи според примерот на Агенда 2010 - кратење на пензиите, подолг работен век како и помалку дражавни службеници. Во земјата има „мал среден слој и малку иновации“.

За Германија Етингер, спроед „Билд“ рекол дека земјата е во „зенитот на својата економска производна способност“. Посилна Германија нема да биде. Тоа е поврзано со тоа што владата со „поддршката на семејството, квотата за жените, најниската плата и 'не' за фрекинг методата“ поставува погрешни приоритети. Со тоа се заканува опасност дел од она што беше постигнато во изминатите години во рамките на „конкуретноста и Агендата 2010“, повторно да се загуби.