1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Европа се позагрижена за аферата со ЦИА

Извештаите во врска со тајните летови на ЦИА во Европа се множат.

ЦИА-лет во Романија

ЦИА-лет во Романија

Според „Берлинер цајтунг“,и оваа година имало повеќе летови на американската тајна служба во Европа отколку што досега беше познато.Според весникот,до септември најмалку 15 авиони на ЦИА слетале на европски аеродроми.Се претпоставува дека во нив биле осомничени за тероризам водени во тајни затвори.

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер изрази загриженост од овие сознанија.За весникот „Билд“ рече:

-Министерот мора да ги вреднува фактите,а не новинските извештаи.Да,читаме ,тоа е повод за загриженост.

Поради тоа е добро што британскиот министер за надворешни работи Џек Строу од името на ЕУ ќе ги замоли САД официјално за објаснување.

Штајмаер инаку в понеделник ќе патува за Вашингтон.Германија и САД имаат во најважните прашања заеднички интереси и цели,рече тој пред патувањето.

Синоќа пак германската министерка за правда Бригите Цуприес изјави:

-Ќе причекаме малку,да видиме што ќе донесе истрагата,а се надеваме дека Американците ќе се изјаснат.

Поостри изјави стигнаа од европски политичари.Надворешно политичкиот портпарол на Христијанско конзервативната фракција во Европскиот парламент,Елмар Брок,во денешното издание на „Меркише Алгемајне“ вели дека не можел ни да си замисли да се случува нешто како тајни затвори на ЦИА во некои земји.Во правна Европа не смее да постои никаков Гвантанамо,подвлече Брок.