1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Европа – ракети

Американскиот претседател, Џорџ Буш, разговараше телефонски со рускиот претседател, Владимир Путин околу америакнските планови за анти-ракетниот систем во Европа. Освен тоа, станало збор и за други меѓународни прашања, како што е планираната средба на двајцата лидери на маргините на самитот на Групата осум, во јуни во Германија. Детали не се соопштени. Американскиот министер за одбрана, Роберт Гејтс на разговорите со рускиот колега, Анатоли Сердјуков, предложи Русија да учествува во анти-ракетниот штит, што од руска страна беше одбиено.