1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Европа на иднината

Четириесет млади европски лидери го претставија првиот извештај за иднината на Европа. Во него се бара да се размислува европски и граѓаните да бидат вклучени повеќе во изградбата на европскиот дух.

Извештајот го изработија учесниците на првата промоција на програмата иницирана од невладината организација „Еуропа Нова“, во соработка со „Френдс оф Јуроп“, која има за цел да создава нови генерации европски лидери. Првите учесници на средбата во Париз доаѓаат од целиот континент и од сите професии. Тие беа избрани според нивниот капацитет да се ангажираат на европски теми. Состаноците се одржуваат двапати годишно за заеднички да размислува за она што може да биде „европска ренесанса“. Младите предложија серија мерки и заклучија дека сегашниот процес на европска соработка ги достигна своите граници. Затоа европската интеграција треба да се реструктуира.

Потребно е европско лидерство

Не смее да се дозволи „распрснување“ на еврозоната, оценуваат младите лидери, а потребно е да се зајакне европскиот социјален и економски модел. Финансиската криза бара да се најдат нови начини за стимулација на развојот и конкурентноста. Фискалниот федерализам и зацврстувањето на заедничкиот европски пазар се двете димензии, кои според младите европски лидери треба итно да се продлабочат.

Европскиот економски модел мора да еволуира врз основа на новата „поделба на вредностите“ и една подолгорочна визија. Тука посебно се посочува социјалната одговорност на претпријатијата, „зелениот“ развој, како и поправедното регулирање на пазарот.

Symbolbild Lissabon-Vertrag

Не се доволни само закони, туку во европските текови е неопходна поголема вклученост на граѓаните

Европа да биде поотворена кон соседите

Потребно е посилно и вистинско европско лидерство, посебно во заедничката европска надворешна политика. Европа, според младите, има потреба да ги проширува хоризонтите и да биде поотворена кон соседите и кон остатокот на светот.

Маргинализацијата на малцинствата треба да биде спречена со развој на европскиот идентитет. Популизмот и национализмот треба да бидат спречени со работа на теренот и ставајќи го во прв план профитот од европската интеграција. На европската демократија и политика треба да и‘ се даде наднационална димензија, „социјалните“ медиуми треба во иднина да го олеснат вклучувањето во демократските текови и да создаваат врски меѓу граѓаните и тие што одлучуваат во Европа.

Младите европски лидери не застануваат на ваквите првични размислувања. Нивната нова заедничка средба е предвидена од 7 до 9 јуни во Брисел, каде ќе ги утврдат насоките за натамошен ангажман во унапредувањето на европскиот интегративен процес.

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска