1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Европа каска

Во моментите на силен пораст во светот Германија и зоната на еврото остануваат грижа на конјунктурата

Додека Кина доживува бурен развој, а Јапонија и САД одржуваат здрав растеж, развојот во Европа се уште оди потешко од очекуваното, соопшти Организацијата за економски развој и соработка ОЕЦЕДЕ во нејзиниот извештај објавен денеска во Париз.

Кризата е минато, растежот штотуку започна. Вака оптимистички гледа во иднината Андреас Вергер од ОЕЦЕДЕ:

“Констатиравме дека заздравувањето на светската економија е силно и на долг рок. Лифтот се движи и скоро сите се во него“.

Развојот во Азија се одвива бурно, вели економистот од оваа институција. Кина поставува нивоа, Јапонија очигледно заздраве, а порастот во САД обезбедубва работа. Единствено недостига Европа. ОЕЦЕДЕ во прогнозата предвидува дека е неопходно да реагира Европската централна банка:

“За Европа ОЕЦЕДЕ смета дека е оправдано да се намалат каматите. Ние во нашите проекции пресметавме 50 точки за намалување на каматите во текот на оваа пролет“.

Помалите камати треба да придонесат за стабилизација на растежот, подеднакво и во Германија. Овде ОЕЦЕДЕ очекува економијата во оваа година да порасне за 1,1 насто, а во наредната за 2. Повеќе од изминатиот период, но се уште премалку бргу да се подобри ситуацијата на пазарот за работа, смета Екехард Вурцел, германски експерт во оваа организација. Во наредната година бројот на вработени во Германија значително ќе се зголеми. Со видлива скепса ОЕЦЕДЕ ја следи германската дебата за вистинскиот пат во економската и финансиската политика. На пример, специјални правила за новите покраини се во остра спротивност со предлозите:

“Не станува збор за воспоставување вонредна економска зона, туку, ако веќе се зборува за тоа, да се направат реформи за цела Германија, а не специјално за новите покраини.

Сосема е јасно дека ако во западниот дел на Германија работите се одвиваат поволно, тоа ќе му користи и на источниот“.

Во ОЕЦЕДЕ предупредуваат пред верувањето дека Германија скоро автоматски ќе профитира од проширувањето на Европската унија кон исток. Новите пазари претставуваат само една шанса:

“Тоа нема да биде трка на еден. Не можеме да кажеме, сега доаѓаат нови членки и Германија ќе профитира во секој случај. Потребно е да се продолжи со соодветните реформи“, смета Вурцел.