1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Европа и‘ пркоси на должничката криза

Еврозоната има намера брзо да им пристапи на проблемите во кризните земји Шпанија и Грција.

Шефот на еврогрупата Жан Клод Јункер ја повика шпанската влада да го поднесе барањето за европска помош до понеделник (25.06). По објавувањето на два независини извештаи кои ја скенираа состојбата на шпанските банки, познато е дека за банките ќе бидат потребни до 62 милијарди евра. Еврозоната најави дека на располагање може да стави 100 милијарди евра.

Шпанија во следните неколку дена официјално ќе побара помош од еврозоната за спасување на банкарскиот сектор, увери вчера шпанскиот министер за финансии Луис де Гиндос. „Официјално барање за помош ќе биде испратено во следните неколку дена, но тоа претставува само чиста формалност“, изјави Гиндос во Луксембург.

Во случајот со Грција меѓународната тројка од ЕУ, ММФ и Светска банка во понеделник се очекува да се врати во Атина на разговори со новата грчка влада за да се утврдат модалитетите за спроведување на програмата за штедење.