1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Европа е цела само со Македонија и Балканот !

„Европа е овде“ е мотото под кое деновиве се одржува европската недела во Берлин, на која граѓаните се информираат околу правата во ЕУ. ДВ праша: што е со проширувањето и колку граѓаните знаат за Македонија?

Паризер плац, плоштадот пред Бранденбуршката порта кој е обиколен од амбасадите на САД, Франција, Унгарија, претставништвото на Европската комисија, е омилена локација на туристите, но и место каде понекогаш се демонстрира. На стартот на седмицата на ЕУ, Паризер Плац беше срцето на Европа. На повеќе десетици штандови посетителите, обични граѓани, ученици, студенти, туристи имаа можност да се информираат за граѓанските права и се’ она што го нуди Европската унија. Во оваа пригода ДВ, сакајќи да го почувствува пулсот на присутните, праша: што мислат за проширувањето? Сметаат  ли дека во ЕУ има простор и Западниот Балкан? Колку ја познаваат Македонија и како гледаат на нејзините европски амбиции?

Мали, но прецизни информации

Од одговорите може да се заклучи дека проширувањето не е особено интересно за обичниот народ. Одговорите беа главно бирократски и некреативни: проширување – да! Но, критериумите кои ги бара Европа мора да се исполнат! Западниот Балкан мора малку да почека по финансиската криза за Европа да се стабилизира. Во блокот за Македонија - катастрофално непознавање. Од триесетината  граѓани со кои разговаравме, едвај секој петти нешто знаеше за земјата.

„Македонија има црвено знаме со жолто сонце“, вели шеесетгодишната Кати, додека средношколецот Алекс дополнува: „Македонија...да! Ја знам од рекламата на Си-Ен-Ен - Македонија е вечна. Репортажата ја гледав  сосема случајно и морам да признам дека од она што беше прикажано земјата ми се допадна“.

Europatag

Лукас вели дека по Хрвaтска Македонија е следна во ЕУ...

Вернер, кој работи во една механичарска работилница и кој во понеделникот имаше слободен ден и случајно се најде на Паризер плац, набројува се’ што знае за Македонија: „За политиката не знам многу, но знам дека главен град на Македонија е Скопје. Знам дека во Турбине од Потсдам има една одлична фудбалерка од Македонија. И трето - знам дека во европските квалификации за светското првенство во женски фудбал што ќе се игра во 2015, Македонија е во втората група заедно со Италија, Шпанија, Романија... Ние, пак, Германија, сме во првата група и можеби ќе имаме дуел со Македонија за едно од местата кои ќе не‘ однесат на Мундијалот“.

„Ја знам Македонија по ресторанот Ново Скопје кој порано постоеше на Кудам. Се сеќавам дека  еднаш месечно со моите родители одевме на  македонска скара, специјално печен грав (тавче гравче) и салата од пиперки, домати и сирење. И подоцна, за време на студиите, навраќав повремено во рестотранот и многу ми беше жал кога  пред некои дест години се затвори. Љубопитноста околу името Ново Скопје ме наведе во атласот да ја најдам земјата. Потоа следев што се случуваше во 1990-тите кога Југославија се распадна, па се’ до поново време откако земјата е независна и го бара својот европски пат. Иако особено не сум инволвиран во политиката, ме лути безмислениот спор со Грција околу името. Пред пет години првпат отидов во Македонија. Ги посетив, Скопје, Охрид и еден манастир во западниот дел од земјата.  И печениот грав кој таму го пробав беше исто толку добар како оној од Ново Скопје“, вели за ДВ  инженерот за производство на храна Јирген.

Средношколецот Лукас, пак, е убеден дека Македонија, веднаш по Хрватска, ќе биде наредна земја која ќе стане дел од европското семејство. Оптимизмот сепак го условува: мора да се исполнат институционалните предуслови, а тоа подразбира - чекање!

Неизвесен јуни?

Во неделата на Европа, за ЕУ-перспективите на Македонија и проширувањето побаравме мислења и од оние чии институции во кои работат го носат предзнакот „ЕВРОПСКА(И)“ .

Проф. д-р Екард Стратеншулте, прв човек на Европската академија – Берлин, која долго години е партнер на различни организации и институции од

Europatag

Малкумина ја познават Македонија и нејзините проблеми

Македонија е категоричен:

„Европската перспектива на регионот, колку за потсетување, е дадена уште во 2000-тата година, а пота уште еднаш подвлечена во 2003-тата година во Солун, така што нема дилеми дека  Западниот Балкан, а со тоа и Македонија, ќе станат дел од европското семејство. Морам да кажам дека неизмерно ќе се радувам доколку спорот со Грција околу името што е можно побрзо се реши и земјата конечно ги стартува формалните пристапни преговори. Зашто, факт е дека секое ново проширување чини повеќе, односно барањата и критериумите од страна на ЕУ се се’ повисоки и повисоки“, подвлекува за ДВ, проф. д-р Екард Стратеншулте. На прашањето - дали јунскиот самит на Европскиот совет ќе донесе нешто позитивно за Македонија, тој одговара:

„Не сакам да шпекулиран и да прогнозирам, но се плашам дека на јунскиот самит тешки дискусии ќе се водат околу Србија и Косово, така што може да се случи Македонија повторно да не стаса на дневниот ред. Но, се надевам дека ова нема да се случи и дека членовите на Европскиот совет ќе имаат предвид дека пет пати едноподруго Комисијата дава позитивни препораки, па ќе се води сметка да се сочува веродостојноста на  ветеното“, смета  проф. д-р Екард Стратеншулте.

„Перспективите за европското членство на земјите од Западниот Балкан остануваат. Предуслов е меѓутоа политичарите во овие земји навистина европски да  размислуваат и да делуваат. Тоа е она што граѓаните го заслужуваат. Комесарот Филе во разговорите во Скопје јасно кажа колку за надминување на најновата политичка криза е важно спроведувањето на договореното од 1 март. Ова се однесува како на Комисијата за испитување на декемвриските случувања, така и на меѓупартискиот договор за исполнување на стратешките цели на земјата, но и на обновување на дијалогот со медиумите“, коментира за ДВ, од име на германското претстаништво на Европската комисија, гласноговорникот Рајнхард Хенигхаус.