1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Европа е губитник на изборите за Европскиот парламент

Европската народна партија е на прво место по одржаните избори за Европскиот парламент, но победници, всушност, се оние што не излегоа на гласање. Политиката не си ја заврши домашната задача. Проблемите се многуслојни.

default

Празни гласачки места, најчеста слика на изборите

Европа гласаше, а на избори не излезе ниту половината од граѓаните со право на глас. Одѕивот на изборите падна на рекордно ниско. Во Источна Еропа, само секој петти граѓанин излегол на избори. Толку мал ангажман за институцијата на ЕУ што се избира демократски е застрашувачки.

Наднационалниот парламент за 27 држави е единствен во светот. Но, на Европејците, се чини дека им е сеедно што имаат ваква единствена шанса. Виновни за дебаклот, сепак, не се само мрзливите избирачи. Во тоа имаат удел и европските политичари. И натаму има 27 национални изборни кампањи, додека кампањи на европско ниво речиси и нема. Политичарите дома радо ги критикуваат „тие таму“ во Брисел, иако, често, и самите учествувале во донесувањето решенија во телата на ЕУ.

Во младите демократски држави во Источна Европа состојбата е најлоша. Таму се чини дека воопшто нема свест за тоа колку е важен Европскиот парламент за сите сфери на животот. Продолжува трендот кој беше присутен и порано на европските избори - актуелните влади, со мал број исклучоци, се казнуваат.

Победува традицијата

Резултатот од Европските избори укажува на континуитет. Конзервативните и граѓанските партии победуваат, социјалистите остануваат втори, а либералите се третата по сила пратеничка група. Противниците на Европа и десните радикали во одделни земји предизвикаа внимание, но во ЕП и натаму не играат голема улога. Дури и ако имаат заедничка пратеничка група, нема да имаат големо политичко влијание.

Deutschland EU Wahlen zu Europaparlament Plakat in Aachen

Во Германија доминираа национални теми во кампањата

Во најголемата земја членка на ЕУ - Германија, беше исто како и во остатокот на ЕУ. Доминираа национални теми. Победниците на изборите - конзервативците, но исто така и партијата на левицата, либералите и зелените, оценија дека изборите се тест за националните парламентарни избори наесен. Губитниците - социјалдемократите, велат дека не може да се каже дека овие избори беа тест за наредните. Вообичаена игра по вакви избори. Поради ужасно малиот одѕив на избирачите, меѓутоа, навистина е тешко да се дадат веродостојни прогнози за изборите на национално ниво во Германија.

Едно е сигурно - губитник на овие избори е самата Европа, зашто за европската политика се интересираат премалку избирачи.


Коментар: Бернд Ригерт

Превод: Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска