1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Европа да испрати мировни сили во палестинските подрачја

Палестинскиот претседател Махмуд Абас, во Европскиот парламент ја повика ЕУ да ја потврди улогата за изнаоѓање мирно решение на Блискиот Исток. Меѓународната заедница мора да го заштити палестинскиот народ.

default

Махмуд Абас

Палестинскиот претседател Махмуд Абас, своето обраќање пред Европскиот парламент го започна цитирајќи го прашањето кое го постави детето Луај, на кого фосфорните бомби му го одзеле видот. „Кој ќе им ја врати на моите очи светлоста на животот, а на мојот народ слободата и мирот“, го цитираше Абас малиот Луај. Палестинскиот претседател потсети на страдањата и жртвите на неговиот народ во последната војна во Газа, во која според него биле загубени човековата свест, принципите на ОН и нивните обврски за заштита на безбедноста и светскиот мир. Од говорницата во Стразбур тој истовремено побара да запре досегашниот третман на Израел, како држава која е над меѓународното право. Абас смета дека треба да се побара отчет од израелските лидери за кршењето на меѓународното и хуманитарното право од нивна страна.

Европа да ја потврди својата улога

Палестинскиот претседател нагласи дека актуелната ситуација е неиздржлива за неговиот народ.

Bildgalerie 50 Jahre Römische Verträge Bild 6 1979 Direktwahlen Das Europäische Parlament

ЕП во Стразбур

Тој апелираше за заштита од меѓународната заедница и го повтори барањето за целосна слобода на палестинскиот народ и создавање на независна палестинска држава со Источен Ерусалим како главен град. Европа, според него треба да ја потврди нејзината улога во изнаоѓањето на мировно решение, преку јасно и целосно партнерство со администрацијата на американскиот претседател Барак Обама, блискоисточниот квартет и меѓународната заедница. Абас притоа ја повика Унијата да испрати мировни сили на палестинските подрачја.

Европа сака да биде чесен посредник

Претседателот на ЕП, Ханс Герт Петеринг, му се заблагодари на гостинот од Палестина. Тој смета дека сега е потребна заедничка соработка за да се дојде до мирот. Европа сака да биде чесен посредник и не само израелскиот, туку и палестинскиот народ да живее зад сигурни граници. Според Петеринг, Европа сака да биде создадена палестинска држава, но истовремено и Изреал да живее сигурно. „Ова не треба да биде визија, туку треба да стане реалност за нашата генерација. Ако тоа го сакаме, ние можеме тоа да го добиеме“, нагласи Петеринг.