1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Европа го прославува 50 годишниот јубилеј

Европските лидери денеска во Берлин треба да ја потпишат “Берлинската декларација“, по повод 50 годишниот јубилеј од потпишувањето на т.н. Римски договори, кои беа основа за формирање на Европската унија. Со декларацијата земјите се обврзуваат да најдат излез од кризата со уставот до 2009 година. Освен тоа, 50 годишниот јубилеј ќе биде прославен и со голем народен собир пред Бранденбуршката капија. Прославата почна уште вчеравечер во Берлинската филхармонија, каде германската канцеларка Ангела Меркел во својство на домаќин формално ги поздрави лидерите на унијата. Германскиот претседател Хорст Келер се заложи за реформи во насока на приближување кон граѓаните на ЕУ. Германија ќе го зголеми притисокот врз противниците на реформите во ЕУ. Меркел ја нагласи потребата од реформи со цел унијата да биде способна да се справува со идните предизвици.