1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Европа гласаше: најнизок одѕив досега

Конзервативните партии остануваат убедливо најсилни во Европскиот парламент. Социјалистите во ЕУ се на втората позиција, а зад нив следат либералите и зелените.

default

Загуби за владеачките партии, без оглед каква ориентација имаат, подем, пред се‘ на десните есктремисти и партиите на евроскептиците и многу мал одзив на избирачите - тоа се најважните белези на овие избори за Европскиот парламент. Овојпат, само 43% од избирачите излегоа да го дадат својот глас, што е нов негативен рекорд. Повод за ваква оценка на африканскиот набљудувач на изборите, Марвик Кумало:

„Наш впечаток е дека изборниот процес беше добро организиран. Се‘ течеше без проблеми. Но, негативната страна е што имаше општо неинтересирање за изборите. Сметам дека тоа е прилично шокантно.“

„Казни“ за националните влади

Сеедно дали централно-левичарска влада, како во Австрија, или централно-десничарска, како во Холандија - двете земји се само есктремни примери за еден општ тренд: многу избирачи ги казнија своите влади и им помогнаа во пробивот на партии кои се непријателски настроени кон странци или партии кои на ЕУ гледаат со скепса.

Europawahl in Großbritannien David Cameron

Европски избори во Британија, Дејвид Камерон

Посебен случај е Велика Британија, каде лабуристичката влада, по скандалот во кој се вмешани многубројни политичари кои се збогатиле на сметка на даночните обврзници со сомнителни, делумно и измамнички прикажувања на трошоци и наплата на средства на кои немале право, доживеа драматична загуба на гласовите. Сепак, како и во многу други земји, резултатот во Британија има малку врска со европската политика, туку е поврзан пред се‘ со национални теми.

Со нетрпение се очекуваше и резултатот во Ирска, зашто Ирците наесен треба по втор пат да гласаат за Лисабонскиот договор. Мал одзив на избирачите во Ирска или добар резултат за партиите кои се критички настроени кон ЕУ ќе беше лош знак. Но, тоа не се случи.

Распоредот на силите е речиси непроменет

Во распределбата на силите во парламентот по овие избори нема речиси никакви промени. Граѓанско-конзервативните партии ја задржуваат позицијата на најсилна политичка опција, а со значително заостанување по нив следат социјалистите, кои загубија гласови. Но, по овие избори, се‘ поважна улога имаат десноекстремните пратеници и евроскептиците. Претседателот на Европскиот парламент, Ханс-Герт Петеринг, стравува дека соработката би можела да биде тешка:

Europawahl: Hans-Gert Pöttering, CDU

Ханс Герт Петеринг

„Со голема радост можам да констатирам дека проевропските партии, сепак, имаат големо, добро проевропско мнозинство, а од партиите кои немаат проевропски став очекувам да соработуваат со сите во Европскиот парламент, фер и објективно. Им честитам на сите избрани пратеници.“

Како малиот одзив на избирачите, така и јакнењето на десните и евроскептичните партии ги шокираа етаблираните сили во Парламентот. Во наредните денови ќе се обидат да ги анализираат причините за тоа.


Автор: Кристоф Хазелбах/ Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска