1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Европа воведува казнени царини за кинеските соларни модули

Наспроти протестите, ЕУ усвои казнени царини за кинеските соларни производи. Соларните постројки би можеле да бидат поскапи. Експертите стравуваат од губење на работни места и кочење на процесот на енергетскиот пресврт.

Покрај отпорот од Германија и други држави на ЕУ, Комисијата на ЕУ воведе привремени казнани царини против соларните производи од Кина. Царините на почетокот, сепак, ќе бидат пониски отколку што првично се сметаше. Според информации на комесарот за трговија на ЕУ Карел де Гут, царините за месеците јуни и јули ќе изнесуваат 11,8 проценти. На овој начин Де Гут сака да ги олесни преговорите меѓу Кина и ЕУ. Доколку не биде постигната спогодба, казнената царина од август во просек би изнесувала 47 проценти.

Волуменот на увозот на кинески соларни производи кон Европа се проценува на 21 милијарди евра. Со тоа, оваа анти-дампинг мерка е најголемата во ЕУ.

Milan Nitzschke Solarworld

Милан Ничке

Таа беше поттикната од Милан Ничке, порпарол на соларниот концерн „СоларВорлд“. Ничке ги собра европските производители на соларни производи зад иницијативата Про-сан и до Комисијата на ЕУ поднесе барање за казнени царини против евтините соларни производи од Кина. Земјата силно ја субвенционира својата соларна индустрија „со околу 200 милијарди евра во последните години“, изјави Ничке во интервју за ДВ. Соларните модули на овој начин „се продаваат под трошоците за производство“. Истовремено европската соларна индустрија беше заслабена по банкротот на повеќе фирми во оваа бранша, како и затворање на повеќе производителни погони. Ова не смее вака да продолжи, подвлекува Ничке. „Ние сакаме фер конкурентност во светот. Стратегијата на Кина да направи монопол би била лоша за соларната иднина на Европа и Германија“.

Меѓутоа, казнените царини против Кина се спорни. Експертите сметаат дека тие ги оптоваруваат односите меѓу Кина и Европа. Освен тоа, тие стравуваат од масовно губење на работни места во соларната индустрија, како и стагнација на процесот на енергетски пресврт.

Со царините соларните модули повторно ќе се зголемат, соларниот бум во Европа ќе заслаби, критикува Торстен Пројгшас, портпарол на Алијансата за исплатлива соларна енергија. „Да се воведат казнени царини за кинеските соларни производи е погрешно и би можело да чини повеќе од 200.000 работни места.“

Повеќе соларна сила за индустријата и заштитата на климата

Филипе Велтер, издавачот на меѓународното списание за соларна енергија „Фотон“, исто така смета дека казнените царини се погрешен пат. Иако кинеските производители профитираат од државните субвенции и предностите поради отпишување на даноците, Велтер укажува на модерните производни капацитети. „Кинеските производители значително побрзо изградија поголеми капацитети“ и на тој начин со модерни фабрики можеа да произведуваат поевтино.

Велтер одговорноста ја гледа и кај европските политичари: „Темата заштита на климата повеќе не е толку важна, и на тој начин имаме премала побарувачка и немаме големо поризводство“, вели Велтер во интервју за ДВ. Според него, соларната енергија би требало да биде повеќе поттикнувана од аспект на заштита на животната средина. Потоа не би имало криза во Европа како пазар за пласман и во споредба со денес, во целиот свет ќе има десет пати повеќе производствен капацитет.

Solarmodul Fabrik Produktion Herstellung Fertigung Solar Energie Solarplatten Alternative Energie Ökostrom Sonne Sonnenenergie

Дали царините за кинеските соларни производи ќе значат губење работни места во Европа?

Активна политика наместо казнени царини

Против казнени царини исто така се и големи здруженија за заштита на животната средина. Штефан Сингер, енергетски експерт во World Wide Fund For Nature (WWF) во Брисел, не е согласен со одлуката на Комисијата на ЕУ. Наместо царини и трговски спор тој се залага за пријателски разговори меѓу ЕУ и Кина, со што „соларните панели во Европа како и досега ќе можат да се продаваат по поволни цени, соларната енергија ќе биде колку што е можно поевтина за консументите, за целата соларна бранша да профитира долгорочно и да се создадат нови работни места“.

Тој смета дека слободната трговија, како и укинување на трговските бариери за обновливите енергии и технологијата за заштита на животната средина, се правилна стратегија.

Исто така и Свен Теске од „Гринпис интернешнл“ стравува дека казнените царини „ќе ја задушат соларната енергија“ и со тоа ќе и‘ наштетат на брашата и заштитата на климата. Тој очекува дека соларниот пазар повторно ќе се опорави на средината или кон крајот на идната година. 

Пратеникот во Бундестагот од редовите на зелените Ханс Јозеф Фел исто така ги одбива казнените царини и смета дека владините претставници во Берлин и Брисел имаат одговорност предноста која Европа ја стекна да се одржи: „Потребна ни е активна политика, поддршка од Европската инвестициона банка и значително зајакнување на истражувањата за соларната техника“, вели Фел во интервју за ДВ.