1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Европа безбедно место за живеење

Борбата против илегалната и координирање на легалната миграција во Европа се само дел од темите со кои ќе се занимава Германија во текот на претседателството со Европската Унија. Ова во Берлин на пладне го истакна министерот за внатрешни раборти Волфганг Шојбле кој ја презентираше работната програма во доменот на внатершните работи на кои ќе се фокусира Германија.

Во наредните 6 месеци заедништво на ЕУ и во однос на миграциската политика - најави министерот Волфганг Шојбле

Во наредните 6 месеци заедништво на ЕУ и во однос на миграциската политика - најави министерот Волфганг Шојбле

Во текот на претседателството со ЕУ Германија сака Европа во вистинска смисла на зборот да биде слободно и безбедно место за живеење.Замисла која е предизвик ако се имаат предвид заканите на новото време. Затоа и обврските кои ги презема Германија, можеби не се ексклузивен новитет, но идејата е започнатото да се дореализира и операционализира. Станува збор за лепеза активности за кои, ќе се разговара и на неформаланата средба на министрите за внатрешни работи на ЕУ закажана за средината од месецов во Дрезден.

“Покрај борбата против меѓународниот тероризам и организираниот криминал, секако дека ќе се занимаваме и со управувањето односно регулирањето на доселувањето и интеграцијата, како и со интеркултурниот дијалог” ги изнесе министеротн Шојбле точките кои во доменот на внатрешните работи ќе бидат на агендата во текот на наредните 6 месеци.

“Сакаме да ја засилиме и оперативноста и ефикасноста на ЕУРОПОЛ. Генерално сакаме да ја подобриме заедничката соработка и оперативната работа на полицијата во борбата против тероризмот” - изјави министерот Шојбле подвлекувајќи дека во оваа смисла е неопходно некои веќе донесени документи за заеднички ангажман на ниво на ЕУ, конечно да се операционализираат. Неопходно според него во оваа насока ќе биде и формирање на т.н. информатички сојуз каде ќе се слеваат и од каде ќе може да се корстат сите неопходни информации кои се значајни за безбедноста. Германија ќе биде многу сконцентрирана и на интегрирањето на шенген информативниот систем. За него е значајна добрата соработка меѓу државите која треба значи и безбедни граници од копно, воздух и вода.

“Во блокот миграциски прашања ќе се направи обид за развивање на заеднички мерки кон трети земји - нелегалните миграциски коридори и државите од кои потекнуваат доселениците. Во оваа насока ќе следат повеќе анализи, а во визирот на ЕУ ќе бидат Африка и Земјите од Средоземното море.