1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Европа бара спас

Шефовите на влади на земјите од евро-групата, на кризна седница во Париз, договорија „пакет инструменти“ за спасување на банките. За примената на овие мерки ќе одлучува секоја од владите посебно.

default

Проблемите ставени на тркалезна маса - од кризниот самит во Париз

На германската канцеларка, Ангела Меркел и‘ се брзаше да го напушти Париз. Пакетот мерки за спасување на банките во Германија треба да се реализира брзо. На кризната средба на 15-те земји на евро-зоната беа поставени основите за такво нешто: „Дел од овој пакет инструменти е обезбедување ликвидност и второ, на банките кои за тоа имаат потреба, да им се стави капитал на располагање, се разбира сето поврзано со одредени услови, зашто, граѓанинот со право очекува ако придонесува за стабилизирање на финансискиот систем, тоа да биде и хонорирано“, рече Меркел.

Освен тоа, повторно треба да живне тргувањето меѓу банките и треба да бидат изменети правилата за билансирање. Меркел уште еднаш побара разбирање за вклучувањето на државата во стабилизирањето на системот: „Сите овие мерки ги преземаме и на национално ниво, само утре, за да се одржи економијата,

Merkel und Sarkozy in Paris

Ангела Меркел и Никола Саркози - Германија и Франција веројатно први ќе ги применат инструментите за спас на банките

за луѓето да имаат обезбедени заштеди и за да се стабилизира финансискиот систем. Оваа обврска ја имаме иако е таа поврзана со тешки решенија.“

Предлог - закон нема да поднесе германската влада, туку парламентот

Канцеларката не соопшти детали за пакетот мерки за спасување во Германија. Тој треба да биде обелоденет денес (13.10.2008) во Берлин. За планот ќе расправа владата, но нема да биде поднесен предлог-закон. Тој треба да дојде од редовите на пратеничките групи во парламентот, кои ќе бидат информирани по седницата на владата. Зашто, ако парламентот самиот предложи закон, тогаш тој може да биде донесен побргу отколку кога тоа би го сторила владата. Пакетот мерки, според плановите на владата, би можел да биде донесен во форма на закон веќе наредната недела, веројатно на вонредна седница на владата во текот на викендот. Меркел во Париз изјави дека плановите во Германија ќе бидат претставени истовремено со мерките кои ќе бидат донесени во Франција. Другите земји веројатно ќе следат потоа. Францускиот претседател, Никола Саркози, на крајот на средбата во Париз изјави: „Во моментов мора да се справуваме со кризата и да бараме излез, да воспоставиме повторно доверба. Но, мора и повторно да изградиме цел систем, врз основа на вистинските вредности на капитализмот, а не со шпекуланти. Оние кои го доведоа светот во криза за тоа ќе мора да одговараат. И тоа е демократија!“


DW.COM