1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Европа бара оставка на Асад

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Кетрин Ештон, по говорот на сирискиот претседател Асад во Дамаск повтори дека тој треба си замине од функцијата!

„Ќе провериме дали има нешто ново во говорот, но ние се држиме до нашиот став дека Асад мора да се повлече од функцијата за да отвори пат за политички промени“, соопшти портпарол на Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон (фото горе) денеска (06.01) во Брисел.

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле во Берлин исто така побара оставка на сирискиот претседател и отворање на патот за преодна влада. „Од него барам не само да изразува недефинирана подготвеност за прекин на огнот, туку конечно да го запре насилството на неговите трупи“, изјави Вестервеле по говорот на Асад во Дамаск.

Веднаш по првиот јавен говор на сирискиот претседател по цели седум месеци, реагираше и сириската опозиција. „Сиријците не ги поднесоа сите овие жртви за да поддржуваат тирански режим“, изјави за агенцијата АФП Валид ал-Буни, портпарол на Сириската национална коалиција.

Сирискиот претседател Башар ал-Асад денеска (06.01) во Центарот за култура и уметност во Дамаск одржа прв јавен говор по седум месеци. Тој рече дека во земјата има конфликт меѓу „татковината и нејзините непријатели“.

Bashar al-Assad Rede TV Fernsehen Staats TV

Башар ал-Асад не отстапува

Сирискиот претседател ги нарече опозиционерите „убијци“ и терористи на Ал Каеда. Во неговиот прв јавен говор по повеќе од половина година, тој пред приврзаниците во Дамаск изјави дека неговата земја е изложена на напади какви што досега не се видени. „Тоа е конфликт меѓу народот на една страна и убијците и криминалците на друга страна“.

Тој побара национална мобилизација за да се задуши бунтот против него. Нацијата им припаѓа на сите и мора да се брани од страна на сите. Дијалог со марионети на Западот нема да има, рече сирискиот претседател, кој им се заблагодари на сојузниците Русија, Кина и Иран поради тоа што отфрлиле странско мешање во Сирија. Асад од Западот и арапските држави побара да ја запрат нивната помош за бунтовниците.