1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Европарламент: Вечерва расправа, утре гласање за резолуцијата за Македонија

Европскиот парламент доцна вечер ќе расправа за извештајот подготвен од британскиот европратeник и известувач на ЕП за Македонија, Ричард Хауит за напредокот на земјата во 2013. година.

Во резолуцијата за која по вечерашнава дебата, европратениците ќе гласаат утре, Европскиот парламент уште еднаш го повикува Советот на Европската унија да утврди без одлагање датум за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Притоа се нагласува дека билатералните проблеми не треба да бидат пречка за почеток на преговорите, иако тие треба да бидат решени пред крајот на процесот за зачленување.

Билатералните и добрососедските односи според предложениот текст треба да бидат во конструктивен дух водејќи сметка за принципите на ОН и ЕУ. ЕП жали што одлагањето на датумот за преговори ја потенцира растечката фрустрација на јавното мислење во однос на ќорсокакот во кој се наоѓа процесот на интеграција во Унијата и ризикува да предизвика проблеми и тензии во земјата. Исто така, ЕП жали што Советот не ја повтори истата формулација од 2012 година во однос на Македонија.

Abgeordnete im Europaparlament in Straßburg

Грција е повикана да го искористи своето претседавање со ЕУ за да даде нов елан на процесот на интеграција, со што ќе ги потврди ангажирањата од агендата Солун 2003 и ќе создаде позитивен амбиент за решавање на билатералните разлики во духот на европските вредности и да ја искористи својата раководна позиција за да изработи иницијативи кои имаат за цел излез од актуелниот ќорсокак на преговорите за изнаоѓање на решение.

Македонија се повикува да продолжи со реформите и да им стави крај на политиките и пракитиките кои можат да претставуваат пречка за нејзината европска иднина, како и да постигне напредок во областите наведени во заклучоците на Советот на ЕУ.

ЕП подвлекува дека продолжувањето со одлагањето на датумот за преговори за членство предизвикува зголемено и непредвидиливо чинење за земјата и регионалната стабилност, се бара од Владата и Комисијата да направат проценки и квантитативна анализа за социјалната и економската цена на последиците од непроширувањето и политичките ризици на национално и регионално ниво од неутврудавњето на датум од страна на Советот за почеток на преговори.

Во резолуцијата се инсистира дека сите земји кандидати треба да бидат третирани според заслугата. ЕП смета дека критериумите од Копенхаген се доволно исполнети за земјата да ги започне преговорите.

Поздравена е добрата клима на петте билатерални средби меѓу работните групи од Македонија и Бугарија и дека дијалогот од тие рамки е добра рамка за да се разгледаат чувствителните прашања од историјата, населението или другите заедничи теми меѓу двете земји, бара да бидат донесени позначајни мерки за да се постигне во корисно време билатерален договор кој е најадекватен во тој поглед.

Richard Howitt

Британскиот европратeник и известувач на ЕП за Македонија, Ричард Хауит

ЕП е загрижен повторно, наспроти користењето на историските аргументи во дебатата со соседите и бара позитивен напредок во прославувањето на заеднички историски личности и настани со земјите членки на ЕУ. Тука е и залагањето за зајакнување на научната соработка и охрабрувањето на позитивното однесување на младите кон соседите, како изработка на учебници со педагошки материјал без идеолошки интерпретации на историјата.

Се жали за угледот на земјата во областа на слободата на медиумите и е загрижен, исто како и ЕК за заштитата на слободата на изразување. Тука е споменат и случајот со заторањето на новинарот Томислав Кежаровски.

Во однос на новиот закон за лустрација ЕП ја зема во предвид, исто така и загриженоста на Венецијанската комисија и Хелсиншкиот комитет во однос на уставноста на овај закон и можната негова злоупотреба.

Чудно е зошто ЕП бара од ЕК да го следи извршувањето на пресудите на ЕСЧП од страна на Македонија, со оглед дека за тоа се водат посебни процедури од соодветниот орган на Советот на Европа, Комитетот на министрите, кој засега не изразил некои поголеми забелешки во однос на ова.

Во резолуцијата меѓу другото се жали за отсуството на интегрирано образование и се повикува на разбивање на стереотипите, етничките поделби и промовирањето на инклузивна двојазичност на незадолжителна основа, се осудуваат сите видови на ултранационалзиам.